Никогаш не е доцна да започнете со спортување

0306.04.2015 година

Форумот на жени ГРОМ – Карпош зема активно учество во „Женската трка 2015”, која се одржува традиционално во организација на Сојузот на спортови на Скопје, а под покровителство на Град Скопје. Третата по ред „Женска трка” оваа година се одржа на 5-ти април, во Градски парк. Трката на 1000 метри се одржа под мотото „Превенцијата од заболувањата започнете ја со вежбање”. Во трката учествуваа 850 жени од сите возрасти, а 10 жени од Форумот на жени ГРОМ – Карпош се натпреваруваа рамноправно со останатите учеснички. Форумот на жени ГРОМ – Карпош порачува: „Никогаш не е доцна да започнете со спортување. Започнете денес”.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on Facebook
Facebook
Tweet about this on Twitter
Twitter
Share on LinkedIn
Linkedin