ГРОМ со поддршка за заклучокот на Европскиот парламент

press

25.03.2015 година

На денешната конференција за печат, организациониот секретар Љупчо Пренџов, во име на Граѓанската опција за Македонија, го произнесе ставот кој оваа политичка партија го има по заклучокот на Европскиот Парламент за политичката криза во Македонија.
– Од вчера за граѓаните на Република Македонија, членовите и симпатизерите на СДСМ работите станаа многу појасни. „Падна“ големата лага на г-динот Зоран Заев и Социјалдемократскиот сојуз со која ги држеше во уверување јавноста и своето членство дека има меѓународна поддршка за аферата „ПУЧ“.

По изјаснувањето на еминентниот европратеник Иво Вајгл, рече на денешната прес конференција Љупчо Пренџов, повеќе од јасно е дека европските инстанци инсистираат исклучиво на институционално разрешување на политичката криза во Македонија.
Тоа значи нема преодни влади, нема поништување на изборните резултати, туку со дијалог, во рамки на Парлементот треба да се разрешат проблемите. – истакна Пренџов. Тој ја посочи одлуката на Граѓанската опција за Македонија и поддршката која ја дава оваа политичка партија за финалното резиме од дебатата водена во рамки на Европскиот парламент.

-ГРОМ го поддржува заклучокот на Европскиот парламент, опозицијата да се врати во Собранието со цел, час поскоро, кризата да биде надмината, а дебатата да се одвива на вистинското место во Парламентот.
Ние сите јасно ја слушнавме пораката дека сите европски пратеници подвлекуваат дека токму Собранието е местото каде што треба да се решаваат проблемите и дека самите македонски партии треба да најдат излез од оваа криза, а не да чекаат решението да им биде наметнато од надвор. – рече офрганизациониот секретар на ГРОМ и додаде дека оваа политика ни ја порачуваат пријателите од Брисел кои треба да ги сочуваме, а не со говор на омраза од нив да правиме непријатели,затоа што не мислат исто како и СДСМ.

press

На новинарско прашање доколку СДСМ не одлучат да се вратат во Парламентот каква разврска очекува ГРОМ, Пренџов одговори:

-ГРОМ очекува пред сé, аферата „Пуч“ да има правна разврска, во судовите а потоа да има и морално-политичка разврска, но пред се таа разврска да биде во рамките на СДСМ. – Ние сметаме дека господинот Зоран Заев не го одсликува единството на партијата, а тоа може да се види со последните лажирани разговори кои ги пуштаат негови коалициони партнери. Сметаме дека првенствено политичка разврска треба да има во рамки на раководството во СДСМ, да свикаат нов конгрес и полека да заличуваат на политичка партија која што ќе им даде на граѓаните на Република Македонија реална понуда и со неа би го подобриле животот на граѓаните.

На новинарско прашање, какво е мислењето на ГРОМ за аферата прислушување, организациониот секретар Љупчо Пренџов, одговори за медиумите:

-ГРОМ неколку пати, преку нашиот предсетател, господинот Стевчо Јакимовски повикува да има судска разврска во таа афера, бидејќи ние сметаме дека незаконски предадени материјали, се креираат се сечат, се пуштаат, во јавност. Ние не навлегуваме во содржината на тие материјали и сметаме дека не може да се говори за автентичноста на истите, и не би сакале да навлегуваме во такви дискусии. Тоа е принципиелен став, и сметаме дека имаме институции кои што треба да си ја извршуваат својата работа. Се надеваме дека се доследни и транспарентни и се надеваме дека ќе добиеме правилна политичка разврска.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on Facebook
Facebook
Tweet about this on Twitter
Twitter
Share on LinkedIn
Linkedin