Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

Конференција за печат на лидерот на ГРОМ Стевчо Јакимовски

GROM PRESS11.03.2015 година

ГО ОВЛАСТУВАМ ЗАЕВ ДА ГО ОБЈАВИ РАЗГОВОРОТ МЕЃУ НАС ОД 14 ФЕВРУАРИ 2013 ГОДИНА

По повод „бомбата број 8“, односно трибината која се одржа од страна на опозициската СДСМ, во која беше пуштена снимка  од наводен разговор на првиот човек на Граѓанската опција за Македонија-ГРОМ Стевчо Јакимовски, денес во централниот штаб на ГРОМ одржа конференција за печат на која рече:

-Сакаме да реагираме во врска со вчерашното „реалити шоу“ на Социјалдемократскиот сојуз и неговите коалициони партнери.

Господинот  Зоран Заев во изминатите шест месеци, го држи граѓанството на Република Македонија под тензија со наводните неговите поседувања на снимки со кои ќе објави тежок криминал на владејачката гарнитура. Поточно, станува збор за  најавите за тоа како се украдени пари во оваа држава, со снимски со кои ќе објави податоци за убиствата кај Смилковско езеро, и и за тоа  како во оваа држава се украдени фамозните 150.000 гласови.

-Колку што слушам,изјави на денешната прес конференција Јакимовски, вчерашното „риалити шоу“ доживеало фијаско и колку што успеав да дознам, објавувани се снимки со некои наводно мои разговори со директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање.

-Сметам дека господинот Зоран Заев оваа приказна ја започна со тезата дека тој и опозицијата се прислушувани од страна на власта, а досега освен неговиот разговор со ќерка му, ние не видовме ниту еден разговор на господинот Зоран Заев. А да потсетам, тој исто така е власт и тоа во локалната самоуправа, и  оттаму, не само граѓаните на Струмица, туку и сите имаат право да знаат за каков владател станува збор.

-Јас сакам, нагласи јакимовски, да му дадам дозвола и овластување да го објави разговорот воден меѓу мене и него на 14 февруари 2013 година, во 14.40 часот и исто така да ја објави пораката што тој ми ја упати мене во 01.30 часот по полноќ на 17 февруари, веднаш по мојата кандидатура за градоначалник на Карпош. Првенствено заради тоа Социјалдемократскиот сојуз да види за каков лидер станува збор. Она што мислам е, дека конечно, треба со оваа фарса да се привршува. Секаде во светот шпионите прво се апсат па потоа се води истрага. Ова премногу долго трае и сметаме дека надлежните судските органи во Република Македонија конечно треба да ги преземат чекорите кои треба, за целиот циркус што го прави господинот Заев конечно да заврши и да има институционална разрешница.

Одговарајќи на новинарско прашање дали ја слушнал изјавата која била пуштена од Заев за него, лидерот на ГРОМ Јакимовски рече дека тој не ја слушнал, но снимките кои на криминален начин ги поседува претседателот на СДСМ, треба да се расчистат во судот околу тоа дали во нив има автентичност или нема.

-Би било ред, рече на крајот Јакимовски, малку да го слушнеме и неговиот глас, односно како тој се однесува во приватни разговори и како ги ословува другите етнички заедници во Република Македонија.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin