Заклучоци од ЦО на ГРОМ

Logo - Stevco_2013_Final2_-01

01.03.2015 година

Заклучоци на IX. Седница на Централниот одбор на Граѓанската опција за Македонија ГРОМ

  1. Граѓанската Опција за Македонија-ГРОМ ги повикува сите чинители на општественото живеење во државата (политички партии, невладени организации, поединци итн)  на смиреност, трезвеност, објективност и пред сé, делување во рамките на општоприфатените демократски вредности и максимално почитување на правните норми.
  2. Република  Македонија мора да остане правна држава и да се почитуваат Уставот и законите. Никој, освен Обвинителството и судиите, во строго утврдена  законска процедура, нема право да нарачува или да издава наредби за прислушкување,  поседување на материјалот, селектирање, анализирање и објавување во јавноста.
  3. ГРОМ најостро го осудува поседувањето од страна на поединци на материјали од прислушкување со кои што се навлегува во приватниот живот на повеќе од 20.000 граѓани на Република Македонија. Притоа, самите одлучуваат за кого ќе објават, што ке објават, кога ќе објават и колку ќе селектираат од тоа, без јавноста да знае дали има монтирани снимки, дали има бришани делови и на крајот што од сето тоа е вистинито.
  4. ГРОМ смета дека никој нема право да каже „јас не верувам во правниот систем и во институциите на истиот“, правдата да ја земе во свои раце и да ја дели на свој начин. Што ќе се случи ако секој незадоволен од институциите самиот ја спроведува правдата како што тој мисли. Со тоа од држава со уреден парламентарен систем стануваме држава во анархија. Тоа едноставно не смее да се дозволи.
  5. ГРОМ бара опозицијата да се врати во Парламентот бидејќи таму е местото за политичките битки и разрешница за политичката криза. Впрочем, таков беше и предлогот на еврокомесарот Хан, опозицијата да се врати во Парламентот и случајот да има институционална разрешница.
  6. Без разлика дали прислушувањето е извршено од внатре или од надвор, самиот факт дека е прислушувано, претставува упад во безбедносниот систем на државата.
  7. Со цел да се изелзе од оваа политичка криза, ГРОМ апелира сите политички чинители да соберат сили и да седнат заедно да најдат решение за настанатиот проблем кој сметаме дека не е во интерес на ниту еден граѓанин на Р. Македонија
  8. Ги  осудуваме сите организирања кои под лицемерното мото дека ја БРАНАТ ДРЖАВАТА ќе доведат до понатамошни поделби на македонскиот народ од типот на бранители, соросоиди, патриоти и предавници. Посебно апелираме до сите јавни личности кои што шират говор на омраза, за искористување  на ситуацијата за сопствени цели и афирмирања, да престанат да шират негативна енергија и да создаваат зла крв кај граѓаните на РМ.
Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on Facebook
Facebook
Tweet about this on Twitter
Twitter
Share on LinkedIn
Linkedin