СДСМ САМ ЌЕ МОРА ДА СЕ ИЗВЛЕЧЕ ОД КАЛТА

19.02.2015 година

„Што се баби хтило, то јој се и снило“. Социјалдемократскиот сојуз се заплетка во сопствените глупости како пиле во  кучина, што велат кумановци, па очигледно не го знаат патот кон излезот и бараат помош.

Ние знаеме дека многу им недостасува помошта од ГРОМ и од Стевчо Јакимовски, но овој пат ќе мора сами да се извлечат од калта во која потонаа.

Идеалот на СДСМ е да биде власт, а ГРОМ е веќе власт. Засега, за СДСМ тоа е далеку со светлосни години. Затоа членовите на СДСМ и неколкумина „пребези“, можат само да љубоморат на статусот што го има Граѓанската опција и членството во државата. Тој општествен статус на ГРОМ во наредниот период се повеќе ќе се подобрува и ќе оди по нагорна линија. Секако и за СДСМ има иднина, но каква, ќе мораат сами да изберат. Она што е најжално е што СДСМ играат партија шах во која се на потез пред мат, но тоа не може да го видат.

Решение, се разбира има: Да си свикаат конгрес и да си избераат ново раководство.

p.s.Што мислите оние 30.000 што се потпишаа за останување на Бранко Црвенковски му посакуваат успех на Заев или…? Ај погодете од три пати.

Затоа на СДСМ поцелисходно им е да се посветат на овие 30.000 членови на Бранко, отколку да се бават со ГРОМ.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on Facebook
Facebook
Tweet about this on Twitter
Twitter
Share on LinkedIn
Linkedin