ФОМ ГРОМ го прослави првиот роденден

fomgrom26.01.2015 година

Вечерва, Форумот на млади на ГРОМ, во седиштето на Граѓанската опција за Македонија, го одбележа првиот роденден од своето постоење. Претседателот на ФОМ ГРОМ, Бојан Велевски, во свој стил, актерски, го презентираше својот “монолог“ пред присутните и пред лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски.

-Нека ни е честит првиот роденден на Форумот на млади на Граѓанската опција за Македонија. Како вчера да беше кога се подготвувавме за презентирање на новата партија пред повеќе од 2.500 луѓе и млади сили во Универзалната сала. Веќе една година младината на Граѓанската опција за Македонија ја дава својата идеја за вистинско владеење и вистински правец во политиката. Искрено ви се заблагодарувам што цела оваа година работевте со огромна љубов и посветеност – рече Велевски и упати искрена честитка за првиот роденден до сите храбри и успешни громовци.

На оваа честитка се придружи и лидерот на Граѓанската опција за Македонија, Стевчо Јакимовски и ги поздрави младите политичари.

-Сакам да ви ја честитам првата годишница од формирање на ФОМ ГРОМ. Мило ми е што сум претседател на една ваква младина. Ние сега се уште сме мала партија и првите резултати ни се скромни, но сепак успеваме да си ги оствариме зацртаните цели, чекор по чекор. Кажавме дека ќе бидеме дел од власта, и тоа сме. Идинанта е пред вас, што значи дека заеднички треба да се бориме понатаму и битките за промоција на Граѓанската опција за Македонија треба да продолжат. Политичките битки се долготрајни, во политиката не успеваат оние кои трчаат на кратки патеки, туку оние кои се подготвени да се “долгопругаши“. Еден од тие “долгопругаши“ сум јас, бидејќи во политката сум од 1984 година. Доколку сакате да бидете успешни политичари, не смеете да се штедите, треба да бидете вредни, трудољубиви и да дадете сé од себе за да успеете понатаму во секоја идеја која што сте ја осмислиле. Ние од ГРОМ треба да се потрудиме освен сегашните 32.000, да додадеме уште поголем број на “громовци“. Убеден  сум дека е тоа можно со вас младите бидејќи вие сте иднината на Граѓанската опција за Македонија. Сакам да ве охрабрам и да ви кажам дека не сте погрешиле што се бавите со политика и дека тоа ќе придонесе еден ден вие да заземете значајно место во политичкиот живот на Република Македонија – посочи претседателот Јакимовски.

Со пригоден коктел и сечење на роденденската торта, продолжи забавата на младите сили од Граѓанската опција за Македонија.

ФотогалеријаФотогалерија

 

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on Facebook
Facebook
Tweet about this on Twitter
Twitter
Share on LinkedIn
Linkedin