ДА ГО „ОБОИМЕ“ СОСЕДСТВОТО СО НЕНАСИЛСТВО

0304.12.2014 година – Трибина на ФОЖ ГРОМ

Форумот на жени ГРОМ-Карпош се приклучи  кон интернационалната кампања: “16 дена активизам против насилството врз жените и девојчињата”, која се спроведува на светско ниво, под покровителство на Обединетите нации, во периодот од 25 Ноември до 10 Декември 2014 год. Оваа година кампањата е под мотото: “Да го обоиме нашето соседство портокалово”.

Со таа цел се одржа трибина за Семејно насилство, каде свое воведно излагање имаше Д-р. Добрила Андоновска, претседател на Форумот на жени ГРОМ-Карпош, советник на ГРОМ во Советот на Општина Карпош и претседател на Комисија за еднакви можности меѓу жените и мажите.

На трибината со своја презентација на тема: ”ЗАЕДНО ПРОТИВ СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО-ПРЕПОЗНАВАЊЕ, МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА И ГРАЃАНСКИ ОДГОВОРНОСТИ”, свое стручно излагање имаше Гоце Прцуловски, магистар по Социјална политика, вработен при  ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа на Град Скопје, член на Извршниот одбор на Општинската организација на ГРОМ-Карпош. Од стручен и научен аспект беа анализирани: дефинирањето на семејното насилство, толкување на законските одредби, опсежно беа презентирани сите видови на семејно насилство, беа дадени препораки како да се препознаат жртвите и сторителите на семејното насилство, мерките за заштита, улогата на државата во справување на семејното насилство и мерките за превенција.

Свое излагање за проблемот на семејното насилство и позитивните искуства и практики кои се реализираат во Општина Карпош, имаше и  Гордана Зафировска Стојчевска, социјален работник, Помошник раководител на Сектор за дејности од јавен интерес при Општина Карпош, член на Извршен одбор на Форумот на жени ГРОМ-Карпош.

Елка Даскалова, магистар по Менаџмент на човечки ресурси, директор на ООУ Владо Тасевски, секретар на Општинската организација на ГРОМ-Карпош, илустративно го пренесе искуството во решавање на случај на семејно насилство врз ученик од основно училиште.

Од особено значење беа дискусиите на директорките на основните училишта во Општина Карпош: Снежана Карас,  Лела Николовска и Соња  Силјановска, кои се осврнаа на проектите кои се реализираат во основните училишта, со цел превенирање и откривање на семејното насилство врз учениците и соработката со институциите кои се опфатени во мултиинституционалното делување за спречување на семејното насилство.

Кон дискусијата свој придонес даде и Весна Пренџова, а бројните поставени прашања и опсежните одговори од страна на презентерот на темата потврдија дека проблемот на семејното насилство побудува огромен интерес.

Форумот на жени ГРОМ-Карпош продолжува да ги следи сите актуелности, да делува во својата средина пред се едукативно, следејќи ги сите настани во државата и на глобално ниво, работејќи на изработка на проекти и програми кои би биле општествено корисни.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on Facebook
Facebook
Tweet about this on Twitter
Twitter
Share on LinkedIn
Linkedin