Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

ГРОМ ги одбележа двата Илиндени

IMG_021502.08.2014 година

Со три свои високи делегации, Граѓанската опција за Македонија –ГРОМ, денес, на пригоден и достоинствен начин ги одбележа двата големи историски датуми за македонската држава и државност: 111 години од Илинденското востание и 70 години од Првото заседание на АСНОМ.

Претседателот на партијата Стевчо Јакимовски заедно со секретарот Виктор Цветковски положија свежо цвеќе на Пелинце, пред спомен собата на АСНОМ, во состав на владината делегација предводена од премиерот Никола Груевски.

Делегација на ГРОМ предводена од пратеникот на ГРОМ во Собранието на Република Македонија Чедомир Саздовски, потпретседателката Мавие Мехмети и претседателот на Градската организација ГРОМ Скопје, Александар Трајановски положија венци и се поклонија пред спомениците на Президиумот на АСНОМ во паркот Жена борец и пред споменикот на Никола Карев пред Собранието на РМ и пред споменикот на Методија Андонов Ченто на плоштадот Македонија.

Централната манифестација на Првиот Илинден – 1903 се одржа во Крушево каде Граѓанската опција на Македонија-ГРОМ ја претставуваше потпретседателот на ГРОМ Зоран Поповски и организациониот секретар и заменик министер во Владата на РМ-Љупчо Пренџов, со што се заокружи чествувањето на двата големи празници кои годинава се одвиваше под мотото „Од сон до Сонце“.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin