Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

Последен поздрав за Владо Поповски – Секретар на Општина Карпош и Претседавач на Централниот одбор на ГРОМ

Последен поздрав за Владо Поповски – Секретар на Општина Карпош и Претседавач на Централниот одбор на ГРОМ20.07.2014 година

Со посебни почести, денеска на градските гробишта „Бутел“ , најблиските роднини и пријатели на Секретарот на општина Карпош и член на Извршниот одбор и претседавач на централниот одбор на  Граѓанската опција за Македонија, Владо Поповски, беше испратен до неговиот вечен дом. Лесна му земја, нека почива во мир.

 

Последен поздрав за Владо Поповски – Секретар на Општина Карпош и Претседавач на Централниот одбор на ГРОМВладо Поповски беше долгогодишен политички работник и врвен професионалец. Во својата плодна политичка и професионална кариера тој беше министер без ресор во Владата на Република Македонија во периодот 2002-2006 година, во  два мандати Секретар на Град Скопје и директор на ЈП „Водовод и канализација“. Во последен период од својата истакната професионална кариера во два мандати, од февруари 2010 година,  беше секретар на Општина Карпош. Во последниот период од својата богата политичка  кариера беше член на Извршниот одбор и претседавач на Централниот одбор на  Граѓанската опција за Македонија-ГРОМ.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin