ГРОМ ЗАСЛУЖИ ПОЗИТИВНА ОЦЕНКА

Кликни за фотогалерија04.06.2014 година, Скопје

Петта седница на ЦО на ГРОМ посветена на претседателските и предвремените парламентарните избори 2014

Извештајот за настапот на Граѓанската опција за Македонија-ГРОМ на неодамнешните претседателски и предвремени парламентарни избори беше главна тема на расправа на вечерашнава петта по ред седница на Централниот одбор на ГРОМ.

Членовите на ЦО на ГРОМ од сите општински организации од земјата, низ поединечни дискусии дадоа свое мислење за начинот на водење на претседателската и парламентарна кампања, ангажманот на Централниот изборен штаб, но и на сите членови на оваа партија пред, за време и на самиот ден на изборите.

Своето прво „огнено крштевање“ на избори оваа нова центристичка партија го оцени како задоволително, со добро обмислена кампања и широко прифатени политички пораки до граѓаните на Република Македонија, но, и со голем ангажман и ентузијазам од своето растечко членство. Сепак конечните резултати освоено еден пратенички мандат е помалку од очекувањата и она што реално го сработи и заслужи на овие избори. Сепак и покрај тоа, ГРОМ се стекна со скапоцено искуство, посебно што прв пат настапува самостојно на некои избори по само шестмесечно официјално постоење и што најголемиот дел од членството се дебитанти во политиката.

На вечерашната седница на ЦО на ГРОМ беше избран и нов потпретседател на партијата за меѓународни прашања, кандидатот за претседател на ГРОМ за Република Македонија проф. д-р Зоран Поповски, што беше поздравено со акламација од страна на членовите на Централниот одбор.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on Facebook
Facebook
Tweet about this on Twitter
Twitter
Share on LinkedIn
Linkedin