Одговор на Стевчо Јакимовски по повод денешната реакција на СДСМ
12.05.2014 година
ВОДСТВОТО НА СДСМ НЕ МИСЛЕЛЕ НА ИЗБОРИТЕ, ТУКУ НА НЕИСТОМИСЛЕНИЦИТЕ
„Толку се СДСМ специјалисти за промашување, што ни случајно не знаат кому јас сакам да му се допаднам.
Но, она што е непоимливо за граѓаните и за политички поискусните, е што Радмила Шеќеринска и Зоран Заев во изминативе десет месеци, очигледно не се подготвувале за изборите, туку за деновите по изборите. Поточно, сите нивни напори биле насочени кон Конгресот на партијата, за тоа како да ги победат своите неистомисленици, а не Никола Груевски кој требаше да им биде главна цел. Ете каде ја трошеле цело време енергијата и каде им бил фокусот, а после се чудат на изборните резултати.“
Стевчо Јакимовски, претседател на Граѓанска Опција за Македонија