Носителот на листа во ИЕ6 на средби со граѓаните
22.04.2014 година
АНЧЕВСКИ ДО МЛАДИТЕ: ГРОМ ЌЕ ЈА ЗАПРЕ „БЕЛАТА ЧУМА“
На вчерашните и денешните средби со младите и невработени лица во Тетово, потпретседателот на ГРОМ и носител на листа на коалицијата ГРОМ во изборната единица 6, м-р Горан Анчески, ги презентираше активните политики на ГРОМ за намалување на невработеноста кои се дел од Изборната програма на ГРОМ.
М-р Горан Анчески се обрати до сите млади и невработени: “На сите ние јасно дека „белата чума“ и одливот на мозоци и млади образовани кадри ја опустошува Македонија, дека сите млади со едно око и со цел ум размислуваат да најдат начин да си заминат во поперспективни градови и земји.
Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ)ги повикува сите млади пред да го направат конечниот чекор на заминување од државава, да се придружат во ГРОМ, а ние безрезервно заедно со сите експерти на ГРОМ преку Академијата за обука на млади ќе ги обучиме и ќе ги надградиме нивните вештини да можат да ги практицираат и да подготвуват проекти со кои ќе аплицираат за користење на средства од ИПА-европските фондови. Дајте ни ја довербата и гласајте за ГРОМ со заокружување на бројот 8, за да можете да ги искористите сите можности за ваша професионална надградба и стекнување со претприемачки вештини им порача Анчевски на младите.
Меѓу другите мерки носителот на листа во изборната единица 6 пред своите потенцијалнио гласачи ги потенцираше следните:
– 20 % субвенција на плата за период од 3 години за секој вработен млад високо образовен кадар
– 40.000 работни места за младите
– 15.000 денари најниска плата за секој вработен
– Формирање на три нови стратегиски сектори (енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, органско земјоделско производство, селекција и рециклажа на отпад)
-Дескопјенизација
– 35 проекти со младите. Зголемување на учеството на НВО-секторот во ИПА-фондовите на 5% од вкупните средства за ИПА 1 компонентата. Околу десет милиони евра годишно ќе се распределуваат за проекти на невладините организации со цел јакнење на граѓанското општество и
– Обезбедување на фонд за кофинансирање на проекти на НВО од ЕУ програмите на заедниците со цел поттикнување на НВО да повлекуваат поголем износ на грантови и да креираат работни места.