ГРОМ ПОТПИСНИК НА ПЛАТФОРМАТА ЗА ЗЕЛЕНА МАКЕДОНИЈА

Zoki Lile MarjancoНа 22 април, Денот на планетата Земја, Коалицијата ГРОМ ја поддржа и ја потпиша Платформата „За Зелена Македонија“ изготвена и усвоена од 25 невладини организации кои дејствуваат во сферата на заштитата и унапредувањето на животната средина во Македонија.

Во има на Коалицијата ГРОМ, платформата со десет точки ја потпиша проф. д-р Зоран  Т. Поповски, кандидат за претседател на државата. Во своето излагање пред присутните тој укажа дека Македонија во еколошка смисла помина прво низ декларативна фаза кога се зборуваше дека е важно да се води сметка за животната средина, потоа во регулаторна фаза кога се носеа закони, казни  и дека конечно дојде време да влезе во оперативна фаза чиј промотор ќе биде токму ГРОМ.

–          Доста е само од празни муабети, доста е од закони и казни во екологијата, доста е трошење јавни пари за еколошки паради. Наместо траорни титаници, плажи на кои не смееме да се капеме, жални врби и водоскоци, Вардар како една од критичните точки треба да го претвориме во река во која ќе има пастрмки кои живеат само во чисти води. Затоа на Вардар му требаат пречистителни станици, каскади за регулација и општа мобилизација за негово чистење во целата Македонија. Наместо милиони неуспешно посадени садници, шумите да ги обновувме со стотици илјади успешно изникнати дрвја. Зборот рециклажа треба да стане секојдневие, а комуналиот и индустрискиот отпад треба да станат основа за нови работни места и за профит. Опасниот отпад треба веднаш да се решава, а не тие проблеми постојано да се одложуваат. Треба да се подигне нивото на транспарентност на загадувањето на животната средина преку поставување на еколошки семафори, особено во големите градови. Итно треба да се овозможи интернационализација на еколошкиот невладин сектор во Македонија и вклучување во светските трендови. Има уште многу работи  треба веднаш да се преземат, затоа ГРОМ е за еколошка акција, а не за дискусија.

Платформата за Зелена Македонија, покрај коалицијата ГРОМ ја потпишаа и коалициите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on Facebook
Facebook
Tweet about this on Twitter
Twitter
Share on LinkedIn
Linkedin