ГРОМ Е БАЛАНС НА ПОЛИТИЧКАТА СЦЕНА

Кликни за фотогалерија22.04.2014 година – Митинг во Куманово

Караванот на Граѓанската опција за Македонија неуморно продолжува да крстари низ Македонија. Притоа, тој вечерва, покрај денските средби со граѓаните, заврши со голем митинг пред кумановските политички симпатизери на коалицијата ГРОМ. Жителите од Куманово, сигурни во својата политичка определба, храбро застанаа и со громогласни аплаузи ги пречекаа претседателот на коалицијата ГРОМ, Стевчо Јакимовски, коалиционите партнери како и носителот на листата за изборната единица број 2, Виктор Цветковски.

Присутните ги поздрави претседателот на Српската напредна странка во Македонија, Драгиша Милетиќ и им порача на граѓаните дека поддршката дадена на изминатите претседателски избори за кандидатот за претседател на Граѓанската опција за Македонија, Зоран Поповски , ја потврдија довербата која граѓаните ја искажуваат секојдневно за новата политичка партија која ќе ги урне сите рекорди во оваа држава

„Верувам во вас мои драги сограѓани“, им се обрати на своите сожители носителот на пратеничката листа за изборната единица број 2, Виктор Цветковски.

Кликни за фотогалерија– Граѓанската опција за Македонија зема замав, ГРОМ ќе биде парламентарна партија на овие избори, ГРОМ ќе има свои претставници во парламентот и тоа од Куманово. Само на тој начин граѓаните од Куманово ќе имаат можност да кажат и да ги пренесат своите судбини на највисоко ниво во државата. Граѓаните во ГРОМ ќе препознаат разлика, разлика во тоа кога некој вистински ќе ги застапува граѓаните. Република Македонија може да живее заедно со меѓусебно почитување, зошто ГРОМ е партија која ги сплотува сите заедно, Македонци, Албанци, Срби, Бошњаци, Роми и многу други. Граѓаните ќе имаат маскимална поддршка од нас.

Лидија Јовчевска-Иванова, која е претседател на општинската организација на ГРОМ во Куманово, топло ги поздрави храбрите кумановчани и алегорично им порача на присутните граѓани дека: ветрот кој дува за ГРОМ, тоа е позитивниот ветер кој ГРОМ го носи за иднината на младите и иднината на сите граѓани во Република Македонија.

– Визијата на ГРОМ е да ја направиме Македонија колку е можно подобра земја, а добра земја значи побогата и земја која се грижи за секого. За тоа ние громовци, имаме и храброст и решителност. Ние сите до еден, знаеме дека нашата земја има иднина и шанса за успех само ако се обединиме околу Граѓанската опција за Македонија.

„Екологијата е главниот приоритет на ГРОМ“, потенцираше на вечерашниот митинг во Куманово претседателскиот кандидат, Зоран Поповски. По повод Меѓународниот ден на планетата Земја, Поповски истакна дека ГРОМ на денешен ден ја потпиша зелената платформа, односно платформата за зелена Македонија со 25 невладини организации.

– ГРОМ денеска излезе со многу јасен концепт, како Македонија треба да ја заштитиме од глобалното затоплување. Од Вардар да направиме чиста река во која ќе живеат пастрмки, а не да пловат секакви нечистотии по него. Огромни пари се потрoшени за Вардар а Вардар сеуште се задушува во својот отпад.

На крајот од вечерашниот митинг, се обрати и лидерот на коалицијата ГРОМ, Стевчо Јакимовски кој ги истакна неговите очекувања за граѓаните на Куманово, дека ќе има многу поведри и насмеани лица.

– Сметаме дека треба да одиме во натамошна интеграција на нашето општество. Дека тоа заедништво нас ќе ни даде просперитет и само така ќе одиме напред. Со правење разлики и со враќање во националистички реторики ние само го заглавуваме граѓанството. Ние сме против инквизициска држава. Против толку високи казни, и против тоа граѓаните да се плашат од власта во сопствената држава.

Нашата девиза за стопанствениците е, ако не можеме да им помогнеме барем да не им одмагаме. Да ги тргнеме рацете од политиката во стопанството, да им овозможиме слободно да се развиваат. ГРОМ е партија на храброста, таа не се плаши од ништо и никого, од големите и доминантните. Колку сме, толку сме, токму сме. ГРОМ е политичка партија која не се плаши туку напротив, им пружа рака на граѓаните кои се заплашуваат со притисоци. ГРОМ се залага за тоа да царува вистинската демократија, демократија која правилно ќе функционира. Да царуваат граѓанските права и слободи, – заврши првиот човек на коалицијата ГРОМ, Јакимовски и додаде дека ГРОМ е балансот на политичката сцена во Македонија.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on Facebook
Facebook
Tweet about this on Twitter
Twitter
Share on LinkedIn
Linkedin