Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

СРЕДБА ОДИХР–ГРОМ

ГРОМДИК СЕРИОЗНО ТРЕБА ДА СЕ ПОЗАБАВИ СО НЕВАЖЕЧКИТЕ ЛИВЧИЊА

Денес, 22 април, во 14 часот, во просториите на штабот на Граѓанската опција за Македонија – ГРОМ, шефот на Централниот изборен штаб на ГРОМ Владо Поповски оствари средба со Елен Шустик, политички аналитичар од ОБСЕ/ОДИХР.

На средбата се разговараше главно за активностите на ГРОМ за време на кампањата, како за претседателските така и за предвремените парламентарни избори. Потенцирана беше исклучиво позитибната кампања која што ГРОМ ја води, зборувајќи единстевно за својата програма, своите заложби и идеи за постигнување на стабилност, мир и благосостојба во државата. На средбата исто така беа споделени и впечатоците од изминатиот, прв круг од претседтаелските избори.

Посебен акцент се стави на бројот на неважечките ливчиња од првиот круг како една од круцијалните забелешки на ГРОМ. Имено, како што нагласи г-дин Владо Поповски Државната изборна комисија треба сериозно да се посвети на откривање на причината за големиот број на неважечки ливчиња и да обезбеди соодветен механизам за елиминирање на истите во вториот круг од изборите.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin