Јакимовски, Саздовски и Цветковски со граѓаните на Центар и на Гази Баба

Кликни за фотогалеријаПретседателот на Граѓанска опција за Македонија, Стевчо Јак имовски, и носителот на листата на кандидати за пратеници во изборната единица 1, денеска остварија неколку средби со граѓани на општина Центар. Пред библиотеката „Браќа Миладиновци“, Јакимовски разговараше со граѓаните за нивните секојдневни проблеми, но, исто така, се коментираше и резултатот од претходните претседателски избори.

– ГРОМ продолжува со својата битка за пратенички мандати. Она што сакаме да им го упатиме како порака на граѓаните е дека Граѓанска опција за Македонија се бори токму за подобрување на животниот стандард, особено на оние граѓани кои се во тешка материјална состојба, но и на оние кои се исплашени и немаат никаква поддршка од државните институции. Сметаме и дека мора да се бориме против организираниот криминал, корупцијата, неефикасната и партизирана јавна администрација, но нашето внимание ќе биде насочено и кон претприемништвото зашто сакаме да се изедначат условите за бизнис за домашните и странските инвеститори – рече, меѓу другото, пред претставниците на медиумите Јакимовски.

Освен во Центар, лидерот на коалицијата ГРОМ, придружуван од носителот на листата во изборната единица 2, Виктор Цветковски, пред големиот митинг во „Континентал“, се сретна и со граѓани на општина Гази Баба.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on Facebook
Facebook
Tweet about this on Twitter
Twitter
Share on LinkedIn
Linkedin