Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА: ГРОМ стартува со програма од граѓаните за граѓаните

ГРОМ-Прес-конференцијааДенеска, 14 април 2014 година, лидерот на Граѓанска опција за Македонија, Стевчо Јакимовски, одржа конференција за печат за промоција на изборната програма на коалицијата ГРОМ за претстојните парламентарни избори.

– Од името на коалицијата ГРОМ, сакаме да им честитаме на двајцата кандидати кои успеаја да влезат во вториот круг од претседателските избори, Ѓорѓе Иванов и Стево Пендаровски, а, исто така, сакам да им честитам и за коректната кампања што се водеше досега, врз основа на која можам да ги оценам овие избори како демократски. Во исто време, сакам на кандидатите да им посакам успех во вториот круг и да победи подобриот, оној кому граѓаните ќе му ги дадат гласовите.  Единствена дамка што остана од овие избори, тоа е бројот на неважечките ливчиња, од кои најголем дел, 70 проценти, се заокружени за кандидатот на ГРОМ, Зоран Поповски, или за некој друг кандидат, но тоа ѝ го препуштаме на Државната изборна комисија, да направи сериозна анализа за претстојните парламентарни избори – рече лидерот на ГРОМ на конференцијата. Јакимовски додаде и дека од денеска ГРОМ ја почнува кампањата за претстојните парламентарни избори. – Денеска, меѓутоа, е нов ден, сите политички патрии почнуваат од нула, а ГРОМ ја продолжува борбата во овие парламентарни избори.  Денеска сакаме да ја промовираме нашата изборна програма „Храбри луѓе, сложна земја“, во која зборуваме за потребите на граѓаните на Република Македонија. Морам да кажам дека оваа програма не е пишувана од експерти или од партискииот врв, како што е тоа случај кај другите партиски програми, туку е пишувана од граѓаните и во најголем дел е сочинета од проекти што ги доставиле наши граѓани. Најголем простор во програмата им е отстапен на проекти од сферата на функционалната демократија во земјава, таа содржи наше видување за поттикнување на претприемаштвото, а особено на малото и средното стопанство, поголема достапност до квалитетни финансиски средства, поддршка за земјоделците и даночните олеснувања што тие треба да ги добиваат за да се намалат трошоците за производство, за нашите земјоделски производи да бидат поконкурентни, а земјоделците да имаат повеќе средства и профит. Програмата опфаќа видувања и за поддршка за социјално загрозените семејства, и тоа од сите категории, без разлика дали се работи за лица со посебни потреби, дали се работи за лица кои користат постојана парична помош или нега од друго лице, инвалиди, деца без родители итн – образложи Јакимовски. Според зборовите на лидерот на коалицијата ГРОМ, се работи за програма која е подготвена од граѓаните за граѓаните – Се надевам дека програмата во следните 15 дена ќе им биде достапна на граѓаните, а нашите очекувања се дека Граѓанската опција за Македонија ќе успее на овие парламентарни избори да оствари резултат со кој ќе биде презентирана во Собранието на Република Македонија – додаде претседателот на Граѓанска опција за Македонија. Одговарајќи на новинарски прашања за тоа дали ГРОМ натаму во кампањата за парламентарните избори еднакво ќе се фокусира на сите шест изборни единици или селективно на оние од кои очекува најмногу гласови, лидерот на ГРОМ рече дека партијата еднакво ќе се ангажира во сите шест изборни единици затоа што тоа го очекуваат граѓаните на РМ, но тоа е дел и од политиката на ГРОМ. На прашањето, пак, дали со квантумот освоени гласови ГРОМ очекува да има мандати во идниот парламентарен состав, Јакимовски одговори дека овој број гласови, но имајќи го предвид и огромниот број неважечки ливчиња, одат во прилог на тоа дека ГРОМ ќе има повеќе претставници во парламентот. На прашањето на „Телма“, пак, за тоа дали во вториот круг ГРОМ ќе ги пренасочи гласовите што граѓаните ги дадоа за кандидатот на ГРОМ, Зоран Поповски, за еден од претостанатите претседателските кандидати, Јакимовски рече дека е прерано да се зборува за тоа и дека за партискиот став во тој поглед ќе одлучуваат органите на партијата. Тој додаде и дека никако не може да им се сугерира на граѓаните кои го дадоа гласот за кандидатот на коалицијата ГРОМ, за кого да гласаат во вториот круг, особено затоа што ГРОМ во првиот круг даде особено добар кандидат, кој достоинствено се претстави и водеше позитивна кампања. – Ние навистина бевме пријатното изненадување на овие избори – заврши Јакимовски.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin