ПОПОВСКИ НА СРЕДБА СО ГРАЃАНИТЕ ОД ГРЧЕЦ И ОД КРУШОПЕК

Кликни за фотогалеријаПретседателскиот кандидат на Граѓанска опција за Македонија – ГРОМ, проф. д-р Зоран Поповски, попладнево, пред големиот митинг во спортскиот центар „Форца“, ги посети скопските села Грчец и Крушопек. На средбите со граѓаните од овие села Поповски зборуваше за предноста на Македонија како мултиетничка држава. – Доста е од декларативни заложби за соживот. Вистинскиот соживот, според мене, подразбира да научиме едни од други, да се запознаеме со нашите обичаи и навики. Да живееме заедно низ споделување на нашите култури, уметност, музика, спорт… – порача Поповски. Претседателскиот кандидат на ГРОМ, покрај тоа, уште еднаш ги повика граѓаните в недела, на 13 април, да го заокружат бројот 4 и да му ја дадат довербата за да ги реализира визиите на Граѓанска опција за Македонија што ги носи функцијата „татко на нацијата“.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on Facebook
Facebook
Tweet about this on Twitter
Twitter
Share on LinkedIn
Linkedin