Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

БРОЈОТ 4 Е ИДНИНАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Кликни за фотогалеријаГРОМ „удри“ во Скопје, на вечерашниот и последен митинг за претставување на  кандидат за претседател на Република Македонија на коалицијата ГРОМ, Зоран Поповски,пред првиот круг на претседателски избори.

Преполната спортска сала “Форца“, беше премала за да ги собере околу 3.000 политички симпатизери и поддржувачи на третата и вистинската опција за Македонија, Граѓанската опција за Македонија. На големиот митинг, се обратија и оставија силна порака до сите граѓани на Македонија, коалиционите партнери од Српската напредна странка, Сојузот на титовите леви сили, Либералната партија и Партијата на слободни демократи. Драгиша Милетиќ, Ивон Величковски и Слободан Угриновски, топло ги поздравија присутните и еден на друг се надоврзаа, колку е важна оваа политичка партија за граѓаните на оваа држава.

– Само ГРОМ може да ги сплоти сите заедно, само во ГРОМ има заедништво и еднаквост, зашто ГРОМ е партија на мултиетничност, градење соживот и доверба. Поддршката за коалицијата ГРОМ и за претседатеслкиот кандидат, Зоран Поповски, е неизмерна а пред се вистинска, зошто Поповски е човек кој ќе биде адвокат на граѓаните и во кој довербата никогаш нема да се изгуби – се изјаснија коалиционите претседатели и громогласно завршија дека ГРОМ е, и ќе биде дом за сите граѓани.

Во Граѓанската опција за Македонија членуваат вредни и достоинствени луѓе, беше речено на вечерашниот митинг. Такви од нив се и носителите на шесте изборни единици како кандидати за престојните парламентарни избори. Пред многубројната публика излегоа носителот на изборната единица број 1, Чедомир Саздовски, за изборната единица број 2, Виктор Цветковски, за изборната единица број 3, Штеријо Николов, изборна единица број 4, Панчо Минов, за изборната единица број 5, Љупчо Настоски и носителот на листата за изборната единица број 6, Горан Анчески.

Пред триилјадната публика со поздравен говор се обрати лидерот на третата политичка опција, Граѓанската опција за Македонија-ГРОМ, Стевчо Јакимовски, кој беше пречекан со големи овации од симпатизерите од целата Република. „Програмата на ГРОМ ја пишуваат граѓаните, а не политичките елити“ – истакна Јакимовски и подвлече  дека вечерва ГРОМ е веќе политичка сила, граѓаните треба да имаат поголем политички избор, а ние политичарите тука сме обединети за граѓаните и со нив.

– Ние сакаме ефикасна, а не политизирана администрација, сакаме администрација која ќе биде сервис на граѓаните, а не сервис на власта. Ние како политичка партија сакаме функционална демократија, развиено цивилно општество, со развиени невладини организации. Ние сакаме функционална пазарна економија, каде што ќе има стабилна правна рамка, каде што нема да има политички притисоци. Ние сме за безбедност за Македонија, сакаме во Република Македонија да има етничка стабилност, тоа е разликата меѓу нив и нас. Тие се обидуваат да не делат – ние разлики не сакаме. Ние сакаме заедништво, како што рече Милетиќ, не е изгубено заедништвото не е изгубено единството и сето тоа го имаме во ГРОМ. Ќе се потрудиме нашите млади да остануваат  во земјата затоа што тоа искрено го сакаат, а не затоа што се приморани и немаат каде да одат. Да дадеме поддршка за секој граѓанин но и да побараме поддршка за Граѓанската опција за Македонија да успее да си го заземе она место што и припаѓа на политичката сцена во Македонија.

– Зоран Поповски е вистинско решение за претседателски кандидат на коалицијата ГРОМ, затоа што тој плени со својата смиреност, мудрост, едностваност, ориентираност кон вистинските проблеми на граѓаните – заврши лидерот на коалицијата ГРОМ и напомена дека политичките дебати се неопходни за решителноста на граѓаните и за нивната одлучност. – ГРОМ се стреми кон политичка слобода, а за тоа ќе се бориме ние и нашиот единствен претседателски кандидат Зоран Поповски.

„Особено сум горд што зад мене застана една армија на луѓе кои што гледаат светлина во ова политичко сивило во Република Македонија“ – со особена гордост и полно срце, пред многубројната публика се обрати и топло ги поздрави присутните во спортската сала „Форца“кандидатот за претседател на државата проф.д-р Зоран Поповски.

-Нашата политичка реалност е црно-бела. Кога ќе измешате црна и брла боја се добива сива. Живееме во едно политичко сивило во кое што се одигрува македонската приказна. Една трилогија која што има три чина. Првиот чин се вика сиромаштија, тој чин го играат најголем дел од граѓаните на Македонија. Гледаме сиромаштија придружена со невработеност, со глад, со нерешени комунални проблеми. Гледаме проблеми во коишто луѓето не можат да се најдат себеси. Вториот чин се вика страв. Нашите луѓе не зборуваат туку шепотат.Луѓе кога се ракуваат се вртат лево и десно за да не ги види некој. Во 21 век да не си му во душа на таквиот човек кој се плаши од сопствената сенка. Бевме сведоци на вториот чин и на тој ќе му ставиме крај, силно порача Поповски, пред се, затоа што ГРОМ реши да го пишува третиот чин кој што ќе се вика НАДЕЖ и ЕДИНСТВО.

Чин во кој што шаренилото ќе биде поубаво од сивилото. Ние сме феномен на политичката сцена. Ние сме консензуална партија на Македонија. Македонија ја гледам како земја  во која што владее мултиетничката толеранција, ама не на зборови и не декларативно. Ајде да почнеме подобро да се запознаваме. На Македонија и требаат стабилни институции, институции во кои што граѓаните ќе веруваат. Сакам да ви ветам, дека нема да дозволам ниту еден од нас граѓаните во Македонија, да се чуствува помалку еднаков пред институциите на системот на оваа држава. Сите ќе бидеме еднакви пред Уставот и пред законите. Штом почуствувам дека се донесува закон кој што може да ги повреди правата на граѓаните или колективните права на заедницата, со огромно задоволство ќе го користам правото на таканаречено суспензивно вето. Таков закон нема да дозволам да помине во Парламентот и да влезе во функција.

Амбасадор на Македонија впо странство, продолжи Поповски, ќе биде само човек кој што ќе има капацитет да ја претставува Република Македонија на достоинствен и горд начин. Ќе покренам иницијатива за намалување на казни за 80%. Не смееме народот со казни да го држиме во страв. Воените инвалиди треба, исто така, да ги уживаат сите бенефиции кои ги уживаат и другите инвалиди. Луѓето ја препознаа мојата навистина посветеност, на каузата од Македонија да направиме држава со која кога што ќе се гордееме, согласно со слоганот на оваа кампања – посочи претседателскиот кандидат Поповски и на крај од својот говор им порача на младите дека тие мора да се вратат дома и да останат во својата татковина.Но пред се, поентираше кандиадатот за претседател од ГРОМ, ќе мора партиската книшка да ја вратиме во историјата и таа да биде минато за вработувањето на младите.

На крајот од овој голем завршен митинг Поповски додаде дека бројот 4 е број за иднината на младите за да ставиме крај на ова сивило кое ја обземало целата држава.

 

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin