ДАЛИ ЌЕ УЧЕСТВУВА ВО ИДНА ВЛАДА Е ОДЛУКА НА ГРОМ, НИЧИЈА ДРУГА

ГРОМ10.04.2014 година

Ако ВМРО-ДПМНЕ мислеа дека ние ќе им аплаудираме на нивната програма, многу згрешиле. ГРОМ има своја програма и своја визија за Македонија, која не е ни лева ниту десна и која добива се помасовна поддршка од граѓаните. Во зависност од бројот на пратеници кои ќе ги добие Граѓанската опција за Македонија-ГРОМ, органите на партијата ќе одлучат дали ќе учествува во некоја влада или не. А условите под кои ГРОМ би учествувал во Влада ќе ги одредиме ние. Реалниот живот што го живеат граѓаните на Република Македонија не е само бројки, а уште помалку виртуелни. На граѓаните им е битно каков им е стандардот на живеење и каков им бил кога кој бил министер, а за тоа најдобро тие си знаат.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on Facebook
Facebook
Tweet about this on Twitter
Twitter
Share on LinkedIn
Linkedin