Поповски во општина Гази Баба

Кликни за фотогалерија09.04.2014 година

Претседателскиот кандидат на Граѓанска опција за Македонија – ГРОМ, проф. д-р Зоран Поповски, претпладнево оствари низа средби со граѓани во општина Гази Баба. Придружуван од претседателот на Општинската организација на ГРОМ од оваа општина, Мартин Колевски, како и од кандидатката за пратеник, Валентина Крупа, и други членови на ГРОМ од оваа скопска општина. Поповски прошета низ пазарот во населбата Методиј Андонов Ченто, каде што со пазарџиите разговараше за нивното секојдневие и проблемите што тоа им ги носи. – Намалена е куповната моќ на граѓаните воопшто, не се продава ништо, слабо оди – му рече еден тезгеџија на Поповски, кој се интересираше за прометот што го остваруваат продавачите на пазарчето. Во Автокоманда, на плоштадот, Поповски беше пречекан од група граѓани кои се собраа околу промотивниот штанд на претседателскиот кандидат со цел да се информираат за понудата на Граѓанската опција за Македонија за претстојните претседателски и предвремени парламентарни избори.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on Facebook
Facebook
Tweet about this on Twitter
Twitter
Share on LinkedIn
Linkedin