ПОПОВСКИ И АНЧЕВСКИ НА СРЕДБА СО ТЕТОВЧАНИ

Кликни за фотогалерија09.04.2014 година

Денес, среда, 9 април,кандидатот за претседател од ГРОМ Зоран Попоски и носителот на листа Горан Анчевски во изборната единица 6, присуствуваа на отворањето на промотивниот штанд  во центарот на градот под Шара.  Беа одржани повеќе средби со граѓани, на кои беше презентирана програмата на ГРОМ, како и предвидените проекти кои ќе ги реализираат за потребите на сите граѓани во Тетово.

Професорот Зоран Попоски -кандидат за претседател и носителот на листа Горан Анчевски, дадоа изјава за локалната телевизиска  куќа „Кисс“ во која детално ги претставија проектите за кои се залага ГРОМ и кои со сигурност ќе ги реализираат во Полошкиот регион.

Кликни за фотогалерија

Проектите ги опфаќаат следниве актуелни проблеми со кои секојдневно се соочуваат  жителите  на Тетово и Гостивар. Имено, ГРОМ ќе го реши во најкратко време проблемот со водоснабдувањето, планирано е и реструктуирање на ЈКП-Тетово,  решавање на повеќегодишниот проблем со комуналниот отпад во Тетово и Гостивар, изготвен е и план за решавање на сообраќајниот хаос , изградба на капела , како и на катна гаража.

Понудената, изложена програма беше широко прифатена од граѓаните и побуди интерес за понатамошните активности на ГРОМ во Тетово.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on Facebook
Facebook
Tweet about this on Twitter
Twitter
Share on LinkedIn
Linkedin