Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

Кандидатот Поповски во дружба со книгата

Кликни за фотогалерија09.04.2014 година

Денес претпладне, кандидатот за претседател од Граѓанската опција за Македонија проф. д-р Зоран Поповски го посети 26-тиот по ред Саем на Книгата кој традиционално се одржува во првата хала на Скопски Саем. Професорот Поповски како љубител на пишаната реч, првенствено на стручната литература, но исто така и на белетристиката, посети неколку изложбени штандови, купи книги и поразговара со претставниците на издавачките куќи. Посебно внимание претседателксиот кандидат, како поранешен државен секретар за образование, посвети на штандот „Давка“ од Штип за продажба на книги, учебници училишни и спортски помагала, нагласувајќи ја потребата од осовременуивање на надлегледните средства во сите основни и средни училишта низ државата.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin