Жените од ГРОМ-Карпош за жителите на Карбинци

Кликни за фотогалеријаФорумот на жени ГРОМ-Карпош реализираше голема хуманитарна акција за семејства во социјален ризик од Општина Карбинци. Беа посетени најзагрозените семејства од село Козјак, населено со македонско население, и од село Радање, населено со турско население традиционално познато како Јуруци. Хуманитарната помош се состоеше од облека, обувки, постелнина, играчки, училишен прибор и средства за хигиена.

Посетени беа многу семејства и опфатени беа околу 300 жители од овој исклучително сиромашен крај од Република Македонија. Во хуманитарната акција организационо се вклучи и општинското раководство на ГРОМ-Карбинци, со особено залагање на Христе Гигов, Радица Костадинова и Горан Паунов.

Оваа хумана акција внесе барем малку радост во срцата на луѓето на кои заборавиле институциите на системот, на луѓето кои и покрај бедата во која живеат, сепак останале единствени во својата гостопримливост и добродушност.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on Facebook
Facebook
Tweet about this on Twitter
Twitter
Share on LinkedIn
Linkedin