ПОПОВСКИ НА ЈУГОИСТОКОТ ОД МАКЕДОНИЈА

Кликни за фотогалерија„Член сум на ВМРО-ДПМНЕ, но Вас Ве поздравувам со навистина голема почит, зашто првпат како кандидат за претседател имаме можност да гласаме за интелектуалец и целосно реализирана личност“, му рече еден случаен минувач на претседателскиот кандидат на ГРОМ, проф. д-р Зоран Поповски, не шеталиштето во Стар Дојран.

Денеска, 6 април 2014 година, кандидатот за претседател на Граѓанска опција за Македонија беше со граѓаните на Гевгелија, Дојран и Богданци. Со младите од Гевгелија пиеше кафе во кафулето „Корзо“, со дојранчани се прошета по брегот на езерото, а со богданчани ручаше и ги разгледа малите сокаци. Поповски се сретна со многу граѓани и симпатизери, кои му изразуваа поддршка и со кои разговараше за секојдневните проблеми со кои се соочуваат, презентирајќи им ги решенијата што ги нуди Граѓанска опција за Македонија.

Кликни за фотогалерија

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on Facebook
Facebook
Tweet about this on Twitter
Twitter
Share on LinkedIn
Linkedin