Јакимовски во Кривопаланечко

Кликни за фотогалеријаСАМО СУДОТ И БОГ ТРЕБА ДА СЕ НАД ГРАЃАНИНОТ

„Луѓето се плашат дури и едно ливче да земат“, коментираше еден од членовите на Граѓанска опција за Македонија, кој денеска во Крива Паланка, како дел од придружбата на лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, делеше летоци за промоција на кандидатот за претседател на партијата, Зоран Поповски.

Претседателот на ГРОМ, Јакимовски, придружуван од многубројни симпатизери и членови на партијата, денеска се сретна со граѓаните на неговата родна Крива Паланка. Разговарајќи со пазарџиите, тој имаше можност да се увери дека навистина во тешки услови живеат и работат жителите на овој град.

Лидерот на Граѓанска опција за Македонија, исто така, оствари средба и со жителите на Домот за стари лица, каде што низ лежерен разговор, на пензионерите од домот им ги презентира заложбите на ГРОМ.

–          Само судот и бог треба да се над граѓанинот – кратко коментира Јакимовски на поплаката на еден од пензионерите дека со години се развлекува судски спор со кој му се одлучува егзистенцијално прашање. Јакимовски додаде дека во држава во која судството е политички корумпирано, неопходно е да се внесат промени и да се инсистира граѓанинот повторно да се врати во фокусот на вниманието.

Претседателот на ГРОМ, денеска го посети и манастирскиот комплекс „Св. Јоаким Осоговски“, а потоа се сретна и со граѓаните на Лозаново и на Бегови Бавчи.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on Facebook
Facebook
Share on Google+
Google+
Tweet about this on Twitter
Twitter
Share on LinkedIn
Linkedin