КАНДИДАТОТ ПОПОВСКИ ДОНИРАШЕ ЗА БЕЗДОМНИТЕ
Денеска претпладне, во организација на Форумот на жени од Бутел, кандидатот за претседател на Република Македонија од коалицијата ГРОМ, проф. д-р Зоран Поповски, беше во посета на Пунктот за бездомници на Црвениот крст на Македонија кој се наоѓа во Момин поток.
Притоа претседателскиот кандидат Поповски даде лична донација во облека, обувки и парични средства за бездомните, а помина малку време и во разговор со вработените во пунктот кои го запознаа со секојдневните потреби на оваа установа. Поповски вети дека во најскоро време ќе се погрижи да се подобрат и условите во кои престојуваат околу 40 бездомници, да се поправи тендата и некои други интервенции во инвентарот.
На оваа хумана посета се придружија и претставници од Oпштинската организација на ГРОМ Бутел и Форумот на жени од Бутел, кои неколку петоци наназад го посетуваат пунктот за бездомници во Момин поток и им пружаат соодветна хуманитарна помош.