ПРЕТСЕДАТЕЛСКИОТ КАНДИДАТ НА ГРОМ МЕЃУ ГРАЃАНИТЕ НА РЕСЕН, ДЕБАРЦА, СТРУГА И ОХРИД

Кликни за фотогалеријаПроф. д-р Зоран Поповски, претседателскиот кандидат на Граѓанска опција за Македонија – ГРОМ, денеска, 3 април 2014 година, беше во посета на општините Ресен, Дебарца, Струга и Охрид.

Придружуван од претставниците на општинските организации, но и од многу граѓани и симпатизери, најпрвин Поповски го посети Домот на културата „Драги Тозија“ во Ресен, каде што беше запознаен со условите во кои опстанува овој храм на културата, одржувајќи ја постојаната постановка на теракотна уметност. Оттаму, претседателскиот кандидат се упати низ ресенската чаршија, каде  што имаше можност да поразговара со граѓаните на овој град и да ги слушне нивните секојдневни проблеми.

Попладнето, Поповски беше на ручек во селото Климештани, општина Дебарца, каде беше пречекан на селска трпеза. Ѓомлезе, пресно кисело млеко и домашно сирење беа само дел од богатата понуда на климештанци, во која претседателскиот кандидат уживаше со особено задоволство.

Стружани го прошетаа претседателскиот кандидат  меѓу познатите струшки дуќани и ќепенци за да му ја доловат атмосферата од овој град на брегот на Охридско Езеро, а пред вечерниот митинг во Охрид, Поповски се сретна и со граѓаните на балканскиот Ерусалим, и тоа токму во познатата Стара чаршија.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on Facebook
Facebook
Tweet about this on Twitter
Twitter
Share on LinkedIn
Linkedin