ПРОМЕНИТЕ СЕ ВО ГРОМ, НАШАТА ВИЗИЈА Е ЗАЕДНИШТВО

Кликни за фотогалерија - Митинг на ГРОМ во ШтипМасовната излезеност, полните балкони од  домовите, само ја докажаа довербата која граѓаните од Штип  ја имаат во третата политичка опција во Македонија, коалицијата ГРОМ. На вечерашниот митинг пред штипската публика, се обрати претседателот на Општинската организација на ГРОМ во Штип, Драгана Георгиева која рече дека храброста е најважниот сегмент од животот, а дека токму храбоста ја имаат штипјани. „Ние сме вашиот глас, ние ќе ви помогнеме и ние ќе ве насочиме кон иднината, кон иднина за која секој граѓанин посакува. Ние, храбрите луѓе од ГРОМ сме токму такви, се стремиме за подобро утре и ќе го направиме да биде“ заврши Георгиева и додаде дека ГРОМ е куќа од доверба и квалитет, куќа на благосостојба.

„Ја сакаме само вистината, но не и лагата“ мудро ги убедуваше присутните штипјани претседателот на Титовите леви сили, Слободан Угриновски кој посочи дека мирот е она што коалицијата ГРОМ го нуди за безбедни граѓани, почитта и достоинството за секој граѓанин затоа што тие го заслужуваат тоа. На оваа мисла се надоврза и претседателот на СНСМ, Драгиша Милетиќ и само го потврди ставот на Угриновски, а пред се, во тоа што ја поддржува политичката кампања на Граѓанската опција за Македонија.

Со поздравен говор се обрати и кандидатот за претседател на ГРОМ, Зоран Поповски, кој со своето присуство ја побара довербата за битката за претседател на Република Македонија.

Кликни за фотогалерија - Митинг на ГРОМ во Штип

-Дојде време да кажеме доста на недоразбирањата и постојаните препукувања кои што не раскараа по сите основи, партиски, етнички, верски, социјални. Создадовме непријатели од себе и дома и надвор. Мислам дека дојде време да се обединиме како народ, како држава, особено како граѓани околу клучните проблеми со кои се соочува Македонија, а тоа се невработеноста, сиромаштијата, демократијата и гордоста што треба да ја имаме во меѓународните рамки. Наш фокус ќе бидат младите во Република Македонија. Затоа што оваа прекрасна слика што ја гледам пред мене доминира, доминираат малди луѓе кои што се думаат дали да останат дома или да бараат чаре некаде по светот – им посочи Поповски и им порача на младите да не размислуваат да работат само во јавната администрација, да се отворат вентилите за претпримеачката способност за секоја индивидуа. „Да пробаме да ги поттикнеме домашните компании, ајде да помогнеме да ги пласираме македонските производи, така да пробаме да создаваме работни места“.

Во поздравниот говор , на десетиот митинг на коалицијата ГРОМ, се обрати претседателот на Граѓанската опција за Македонија, Стевчо Јакимовски, кој својот говор го започна со мислата дека ова е градот полн со вредни луѓе.

-Покажавме дека никој неможе да владее со граѓаните, никој неможе да владее со народот и со нивните чуства и јас сум длабоко убеден дека е така и во цела Република Македонија. ГРОМ смета дека треба да се бавиме со денешнината, со денешните проблеми на сите граѓани на Републиката и како да оствариме перспектива за нашите млади луѓе, како да обезбедиме иднина за нив. Тоа е нашата цел. Наша цел не е да разединуваме, наша цел не е позади нас да оставаме празно, туку да понудиме идеја, да понудиме визија. Нашата визија е заедништво“-рече лидерот на ГРОМ, Јакимовски и додаде дека целта на  претседателскиот кандидат на ГРОМ е да се свртиме внатре, кон внатрешните проблеми, кон Република Македонија и добро стокмена држава, која што ќе  има вистински правен поредок,каде што ќе фунционираат правото и правната држава, каде ќе имаме фунционална демократија и каде ќе има слобода на медиумите и слобода на граѓаните.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on Facebook
Facebook
Share on Google+
Google+
Tweet about this on Twitter
Twitter
Share on LinkedIn
Linkedin