Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

ЗА ДЕНОТ НА ШЕГАТА, ВО ДОМОТ НА ЧЕТИРИ БРАТЧИЊА ОД ЗЛОКУЌАНИ

Кликни за фотогалеријаВо пресрет на денот на шегата, 1 Април, кога смеата и среќата влегуваат во секој дом, кога сите деца возбудено итаат кон градинките и училиштата за да ги покажат своите нови маски, некои дечиња немаат можност да ги облечат тие толку посакувани шарени костими, кои за миг ќе ги пренесат во земјата на смеата. Форумот на жени ГРОМ – Карпош, во соработка со Месниот форум на жени на Злокуќани, го посети домот на семејството Симјановски од Злокуќани и се дружеше со прекрасните момчиња: четиринаесетгодишниот Зоран, единаесетгодишниот Стефан, шестгодишниот Андреј и прекрасниот Дарјан кој го славеше и својот четврти роденден.

Неизмерна беше детската радост кога ги примија подароците – костими кои ќе ги направат среќни на денот на шегата 1 Април. Оваа акција на ФОЖ ГРОМ –Карпош и ФОЖ ГРОМ – Злокуќани уште еднаш се потврди дека вистинското богатсво на едно семејство се токму децата, најголемо богатство се детските насмевки и ширум отворените очи кои ја впиваат сета убавина. Ние, возрасните, само треба да бидеме тука за да им го направиме колку што може поубав и посреќен. Форумот на жени ГРОМ – Карпош, на сите деца им посакува да бидат среќни и опкружени со љубов.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin