Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

Зоран Поповски на средба со граѓаните на Центар

Кликни за фотогалерија„Јас и моите пријатели вообичаено пловиме по Вардар, но еве гледате овие „Титаници“ што ги поставија во коритото во Центарот на Скопје ќе ни го попречуваат уживањето, не само нам, туку на сите оние кои сакаат да пловат по Вардар. Се надевам, почитувани сограѓани дека со резултатот од овие избори ќе го спречиме натамошното лудо трошење на Вашите, нашите пари од Буџетот“, рече претседателскиот кандидат на коалицијата ГРОМ, Зоран Поповски на денешната средба со граѓаните на општина Центар кај Летниковецот на кејот на Вардар.

Тој истакна дека она што му паѓа во очи од неговите средби со граѓаните низ Македонија е стравот кој се гледа кај нив. „Македонија мора да биде слободна и просперитетна земја во која секој ќе може да го каже тоа што го мисли без да стравува за својата или иднината на блиски“ рече Поповски.

Во неформалната средба со граѓаните г-н Поповски одговори на повеќе нивни прашања изнесувајќи ги своите ставови за начинот на решавањето на проблемите со кои тие се соочуваат во секојдневието. Поповски денеска имаше средби и со пазарџиите на Буњаковец.

 

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin