ГРОМ – ВО ФУНКЦИЈА НА ГРАЃАНСКИТЕ ВРЕДНОСТИ

Кликни за фотогалерија„Ние нема да се препуштиме на судбината, туку ќе се бориме за својата иднина“! Со овие зборови претседателот на Граѓанската опција за Македонија – ГРОМ Стевчо Јакимовски се обрати пред илјадната публика во преполната сала на Домот на културата во Битола каде во прекрасна и френетична атмосфера се одржа седмиот по ред митинг на ГРОМ во претседателската кампања на својот кандидат за претседател на државата проф. д-р Зоран Поповски.

-ГРОМ е едно големо семејство, и ние сме недделив ден од него. Битолчани ќе му помогнат на лидерот Стевчо Јакимовски да ја спроведе во стварност визијата на Граѓанската опција за Македонија. Во Македонија нема подобра понуда од политичката опција на ГРОМ која ќе ја поведе нашата земја кон подобро утре!“ Со овие зборови претседателката на Општинската организација на ГРОМ – Битола Александра Стојановска како домаќинка се обрати на вечерашниот митинг на  коалицијата ГРОМ пред своите сограѓани.

Од името на коалиционите партнери се обрати Слободан Угриновски од Титови леви сили, кој обраќајќи се кон пензионерите и младината јавно праша: Каде се индустриските погони, каде е еднаквоста меѓу социјалните класи? ВМРО-ДПМНЕ се фали дека овозможил бесплатен превоз за пензионерите. Е, богами добро ги „извозија“, саркастично забележа Угриновски.

Причината поради која Титовите леви сили се приклучија кон коалицијата ГРОМ е новиот граѓански концепт кој нуди општествена кохезија која и е неопходна на државата.

Алудирајќе на мултиетничкиот концепт на Граѓанската опција за Македонија, кандидатот за претседател на Република Македонија од ГРОМ Зоран Поповски рече дека ние во ГРОМ, во различноста гледаме предност, а не хендикеп. Време е, порача Поповски, политичките партии во државата да не се занимаваат со рејтинзи и мерење на популарноста туку граѓанинот да се стави во центарот на вниманието. Доколку на претстојните претседателски избори ја добие довербата и поддршката од граѓаните, Поповски вети дека ќе биде еден од столбовите на меѓуетничката стабилност.

-Моите заложби ќе бидат, нагласи претседателскиот кандидат Поповски, судскиот систем и медиумите да се ослободат од влијанието и притисокот на политиката. Завршувајќи го своето обраќање пред битолчани, Поповски порача дека ГРОМ не чека работите да се случат туку ги пресретнува.

Лидерот на Граѓанската опција за Македонија Стевчо Јакимовски од Домот на културата од Битола порача дека тој нема намера да го напушти Карпош и дека не се бори за министерски места, туку нив им ги препушта на младите и талентирани кадри.

-Наша цел е, рече Јакимовски, преку натпревар на идеи и визии да го освоиме народот, односно целта на ГРОМ е да ја зголеми политичката понуда во Република Македонија.

Ние немаме намера со омраза да градиме држава,  туку со толеранција и соживот порача Јакимовски од Битола.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on Facebook
Facebook
Share on Google+
Google+
Tweet about this on Twitter
Twitter
Share on LinkedIn
Linkedin