ГРОМ ГИ ПОДНЕСЕ КАНДИДАТСКИТЕ ЛИСТИ ДО ДИК

ГРОМВо законски утврдениот термин, вечерва, сабота 29.март, Граѓанската опција за Македонија-ГРОМ ги поднесе до Државната изборна комисија листите со кандидати за пратеници во Парламентарниот дом за сите шест изборни единици, или вкупно 120 кандидати за пратеници.

Како што веќе беше објавено по седницата на Централниот одбор на ГРОМ за носител на листата за ИЕ 1 ќе биде проф. д-р Чедомир Саздовски. Во втората ИЕ, носител на листата ќе биде Виктор Цветковски. Штеријо Николов ќе биде носител на листата на ИЕ 3. Во четвртата изборна единица, носител ќе биде Панчо Минов, во ,,петката’’ носител е Љупчо Настоски, додека Горан Анчески ќе ја бара довербата на граѓаните во шестата изборна единица.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on Facebook
Facebook
Tweet about this on Twitter
Twitter
Share on LinkedIn
Linkedin