ЗОРАН ПОПОВСКИ ОДБЛИСКУ СО ГРАЃАНИТЕ НА ЗЛЕТОВО И ЛЕСНОВО

Кликни за фотогалерија

Предизборниот караван на кандидатот за претседател на Република Македонија од Коалицијата ГРОМ проф. Д-р Зоран Поповски, денес помина низ неколку градови и населени места во источниот дел на Македонија.

Поповски се прошета низ рударското Злетово, а го посети и пазарчето во овој град каде што мина подолго време низ срдечен разговор со граѓаните и пазарџиите.

Претседателскиот кандидат на ГРОМ  го посети и етно-музејот во Лесново, како и црквата во состав на Лесновскиот манастир, пред да продолжи за Пробиштип каде што се одржа централниот митинг на Граѓанската опција за Македонија.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on Facebook
Facebook
Share on Google+
Google+
Tweet about this on Twitter
Twitter
Share on LinkedIn
Linkedin