Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

ЗА ХРАБРИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ – ГРАЃАНИН

Прим. Д-р. Добрила Андоновска

-претседател на Форум на жени ГРОМ-Карпош, член на Централен одбор на ГРОМ, советник на ГРОМ во Општина Карпош

Да се биде кандидат за претседател на Република Македонија, претставува огромна чест, но истовремено и огромна обврска кон граѓаните кои ќе ја дадат својата доверба, заокружувајќи го редниот број четири пред кандидатот за претседател на Граѓанската опција за Македонија.

Нашиот ценет професор, нашиот ценет советник на ГРОМ во советот на Општина Карпош. Скромен човек, кој сосем ненаметливо, но силно квалитетно, се вгради себеси во локалните избори во 2013 год., нештедејќи и подарувајќи го во кампањата сето свое битие, сето свое животно, професионално и политичко искуство.

Што е тоа што нашиот советник Зоран го одликуваше за време на кампањата во 2013 год? Го одликуваше неговата тивка насмевка, неговиот ведар дух, неговата ненаметливост, неговото трпение, неговото чувство за тимски настап и политичка борба, неговата лојалност кон опцијата која ја избрал, но најмногу од се неговите настапи во стил на големните светски луѓе – да се искаже толку колку што треба, со уметнички дозирани реченици, со глас кој акцентира се што е потребно, со приказна која раскажува и помеѓу редови /ако тоа го бара политичкиот момемт/. Сепак, најимпресивна беше неговата блискост со граѓаните кои ги следеа внимателно сите негови настапи на целата територија на Општина Карпош, настапи кои ги предводеше нашиот лидер         г-дин. Стевчо Јакимовски.

Нашиот советник Зоран, дава огромен придонес во работата на советот на Општина Карпош, секогаш присутен на седниците, секогаш активен во своите дискусии и предлози, секогаш коректен при своето обраќање, посветен на мандатот кој го доби од своите сограѓани. Восхитувачка е неговата посветеност во водењето на Комисијата за јавни дејности, комисија која има едно широко поле на работни задачи како образованието и детската и социјалната заштита. Раководејќи со оваа многузначајна комисија која е од круцијално значење за нашите поколенија и која бара активно учество во разрешувањето на настанатите проблеми и дилеми, наоѓајки се во постојан ангажман да се изработат и спроведат проекти кои би го издигнале образованието и детската и социјална заштита на уште повисоко ниво. Не помалку значајна е и неговата работа во Комисијата за прописи, која не би била ни оддалеку толку квалитетна кога во неа не би членувал нашиот советник Зоран.

Иако веќе и официјален кандидат за претседател на Република Македонија, нашиот советник Зоран си ја заврши професионално работата и на последната седница на Советот на општина Карпош, на која седница даде огромен допринос со своите дискусии.

Таков е нашиот советник, таков ќе биде и нашиот иден претседател на Република Македонија. Нашиот советник, Проф. Зоран Поповски е наша гордост и наша иднина.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin