ЖЕНИТЕ НА ГРАЃАНСКАТА ОПЦИЈА ЗА МАКЕДОНИЈА

Прим. Д-р. Добрила Андоновска

-претседател на Форум на жени ГРОМ-Карпош, член на Централен одбор на ГРОМ, советник на ГРОМ во Општина Карпош

ЖЕНАТА – ДЕЛ ОД ЅВЕЗДЕНОТО НЕБО НА ГРОМ

Да се биде жена член на Граѓанската опција за Македонија претставува огромна чест, но истовремено претставува и огромна обврска. Обврска првенствено кон своето семејство, кон своите деца, обврска да се истрае на овој новоизбран пат кој треба да не донесе кон еден подобар живот во една попросперитетна Македонија.

Жените од Македонија, секојдневно се приклучуваат кон Граѓанската опција за Македонија, нова партија на политичката сцена, која се појави како ѕвезда водилка на нашето политичко небо. Ѕвезда водилка која влеа многу надеж во срцата на жените кои независно од својата национална, верска, социјална, образовна и старосна структура одлучија храбро да ја следат ѕвездата која со својот сјај внесе надеж во срцата на жените дека за нив и нивните семејства постои надеж за еден подобар живот.

Она што ја одликува Граѓанската опција за Македонија е колоритот на жените во сите структури на партијата, почнувајќи од потпретседателската позиција, големиот броЈ на исклучително способни жени во Извршниот одбор на Централниот одбор на ГРОМ, големиот број на жени во Централниот одбор, респектабилниот број на жени на претседателските позиции во Општинските одбори, значителен број на  жени претседатели на на Месни одбори, жени членови на партијата, а секако не треба да се минимизира и значењето на жените на ГРОМ кои се советници и даваат огромен придонес во локалната власт на одредени општини.

Форумите на жени на ГРОМ во сите Општински одбори на ГРОМ во Македонија, за исклучително краток временски период од нивното конституирање, покажаа огромни активности, нешто што не и е познато досега на политичката сцена во Република Македонија. Жените интуитивно почувствуваа дека ова е вистинската партија, ова е оној историски момент кој е пресуден во кој правец ќе се движат нивните и животите на нивните семејства.

И навистина, восхитувачка е таа енергија која ги спојува сите жени во нивната желба да бидат општествено корисни, желба да се биде активен чинител во сите сфери на општествениот живот, да се изнесат нови идеи за решавање на одредени проблеми кои се од круцијално значење на семејството како основна клетка на едно општество.

Жените на ГРОМ покажуваат и докажуваат дека само преку општествени активности може да ги остварат своите права, само преку активно вклучување во политиката можат да бидат чинители кои ќе ги променат состојбите во општеството на подобро, ќе ја направат Македонија поубаво и попристојно место за живеење. Македонија, една и единствена татковина која ќе ги задржи нашите деца – тука, на ова грутка земја на која се родиле нашите дедовци и прадедовци, нашите родители, грутка земја на кои длабоко ги вжилиле своите корени нашите родословни дрва, зошто корените се она што не прави да бидеме препознатливи, да бидеме единствени, да бидеме горди на тоа што претставуваме со сето свое битие.

Жените на ГРОМ избираат: љубов, а не омраза, вистина, а не лага, храброст, а не плашливост, идеја, а не безидејност, активност, а не пасивност, реалност, а не мечтаење, превенција, а не лекување, здравје, а не болест, заедништво, а не разединување, пријателство, а не непријателство, образование, а не неписменост, мултикултура, а не лажен патриотизам, почитување, а не непочитување, напредок, а не назадување, уметност, а не лоша репродукција, иднина, а не враќање кон минатото….

Жените на ГРОМ, во претстојната изборна кампања и на овие избори, ќе покажат висока свест, максимално почитување кон политичките соперници, почитување на демократијата и владеењето на правото, почитување на институциите на системот, почитување на елементарното право на избор и правото на глас на сите граѓани на Република Македонија.

Жените на ГРОМ, очекуваат дека граѓаните на Република Македонија во политиките на Граѓанската опција за Македонија ќе ја препознаат опцијата која ја заслужува нивната доверба.

Почитувани, бидете ѕидари на една подобра иднина.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on Facebook
Facebook
Tweet about this on Twitter
Twitter
Share on LinkedIn
Linkedin