На иницијатива на ФОМ ГРОМ
УТРИНСКО КАФЕ НА МЛАДИТЕ ЛИДЕРИ
На иницијатива на претседателот на Форумот на млади ФОМ ГРОМ Бојан Велевски, претседателите на подмладоците на сите политички партии од Република Македонија кои ќе учествуваат на претстојните претседателски и парлемантарни избори, секој понеделник ќе се среќаваат на утринско кафе.
Овој предлог лидерот на ФОМ ГРОМ го изнесе на вчерашната средба организирана од Охридскиот институт на кој се потпишуваше декларација за фер кампања. На средбата на која беа присутни лидерите на младите на 16 партии од македонската политичка сцена, ваквата идеја беша одлично прифатена од Институтот, но и од сите останати претседатели на подмладоците политичките партии.