Прес-конференција на ГРОМ за најавата на ДУИ за попречување на претседателските избори

ГромИЗЈАВИТЕ НА ДУИ – ЧЕКОР ДО ДЕСТАБИЛИЗАЦИЈА НА ЗЕМЈАТА

Изјавата на ДУИ дека активно ќе работат на тоа да пропаднат претседателските избори и доколку тие избори завршат успешно тие нема да го признаат легитимитетот на претседателот на Републиката, беше директен повод за денешната конференција за печат на претседателот на Граѓанската опција за Македонија Стевчо Јакимовски.

– Сметаме дека ова се лоши изјави, рече на денешниот прес лидерот на ГРОМ, при што нагласи дека изјавите кои доаѓаат од владејачката партија се несоодветни на политичката состојба во Република Македонија.

Минатата година СДСМ беше  тој којшто  нѐ водеше кон бојкот на локалните избори. Ние можеме да имаме разбирање за таквиот нивен став бидејќи станува збор за опозициска партија која ги бара сите форми како да дојде до власт. Но, затоа пак, не можеме да разбереме, како вакви изјави може да даваат токму претставници од партии кои се на власт, конкретно Демократската унија за интеграции? Не ми е јасно како ДУИ ја напушти владата и предизвика услови за предвремени парламентарни избори (со што ќе се создадат услови за остварување на цензусот во вториот изборен круг за избор на претседател на Република Македонија), а сега ќе работи на  пропаѓање на истите тие избори? Не ми е јасно како ДУИ размислува  потоа да  учествува во работата на владата во која што мандатот на владата ќе го даде претседател за кој што тие сметаат дека е нелегитимен? Воопшто не ми е јасно како ДУИ мисли едни избори да ги признае за нелегитимни, а други избори да ги признае за легитимни. Притоа, тоа се избори кои се случуваат на еден исти ден!

Се прашуваме, изјави првиот човек на ГРОМ, дали ДУИ се сеќава во 2004 година кога правевме уставни измени со коишто цензусот за избор на претседател се намали од 51% на 40% и тогаш, во донесувањето на тие уставни измени учествуваше токму ДУИ? Се прашуваме дали тогаш грешеле или пак сега грешат? За нас е нејасно дали следното барање ќе биде консензуален градоначалник на Град Скопје. Дали е тоа новото барање? Сметаме дека ова не соодветствува на партија која што била досега член на Влада и која што ги води Европските интеграции го ознесе ставот на ГРОМ, шпретседаателот Јакимовски кои гопостави и прашањето дали Европската унија и САД  поддржуваат  бојкот на избори?

Колку што знам минатата година ДУИ  го осудуваше обидот за бојкот на избори на СДСМ,рече тој. Сметаме дека ваков начин и вакви реторики од двете најголеми владејачки партии во Република Македонија се само увод во дестабилизација на нашата држава.  И наместо со изборни резултати  да дојдеме до стабилизација на политичката сосотојба на Република Македонија, ние сега имаме обратна ситуација, обид за дестабилизација на Република Македонија што апсолутно не соодвествува со политичката практика не само во Република Македонија туку и надвор од неа.

 

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on Facebook
Facebook
Tweet about this on Twitter
Twitter
Share on LinkedIn
Linkedin