Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

Прес-конференција: ГРОМ иницира брз прием на Македонија во Нато

Прес конференција-Ние од Граѓанската опција на Македонија – ГРОМ како политичка партија ја изразуваме својата загриженост за состојбите во црноморскиот регион и опасноста од избувнување на граѓански конфликт во Украина кој ќе се одрази глобално врз безбедноста, економијата и геополитиката во целиот свет.Ова го изјави на денешната конференција за печат претседеталскиот кандидат на ГРОМ, проф.д-р Зоран Поповски, кој притоа изнесе и конкретна иницијатива во насока на превенирање на евентуалниот неповолен развој на настаните кој може да се реперкуираат и врз Македонија.

-Следејќи го развојот на ситуацијата, ги повикуваме ООН, НАТО, ЕУ и ОБСЕ да преземат сериозни и итни мерки за спречување на ескалацијата на драматичните состојби во Украина.

Во согласност со интересите на граѓаните на Република Македонија,  согласно со програмските определби на ГРОМ како политичка партија, ја покренуваме следната иницијатива:

– Имено, веќе утре ќе испратам писмо до сите амбасади на земјите членки на НАТО во Република Македонија и до седиштето на НАТО во Брисел за нивна заложба за итно започнување на процедурата за брз прием на Република Македонија во НАТО, врз основа на апликацијата од Букурешт 2008.

-Поради новите констелации во црноморскиот регион, како и ситуацијата во која може да се најдат и другите земји од Југоисточна Европа, посебно земјите кои не се полноправни членки на НАТО, сметам дека Република Македонија поради досегашните учества во НАТО операциите и исполнетите услови уште од 2008 година, треба веднаш да добие покана за членство во НАТО, истакна Поповски.

Со оваа иницијатива треба да дојде до брза интеграција на Република Македонија во НАТО, со што Алијансата ќе испрати порака на единство, солидарност и моќ од своја страна. На тој начин Република Македонија ќе биде интегрирана под безбедносниот чадор на НАТО, што ќе обезбеди внатрешна стабилност и гаранции за територијален интегритет на земјата, ја образложи иницијативата на ГРОМ претседателскиот кандидат Поповски.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin