Форумот на млади ГРОМ по повод Денот на жената

ФОМ КарпошСО ЦВЕТ И БАЛОНЧИЊА ВО ЧЕСТ НА 8 МАРТ

Под иницијатива на ФОМ ГРОМ – Карпош, младите членови на Граѓанската опција за Македонија, денеска, пред двата главни влеза на ТЦ ,,Скопје Сити Мол’’, пријатно ги изненадија припадничките на понежниот пол, подарувајќи им прекрасни рози, додека, малите дечиња добија  по едно балонче.

По повод празникот на жената 8 Март, младите громовци предводени од претседателот на младите на ГРОМ, Бојан Велевски, секретарот на младите на ГРОМ, Стефан Танески и претседателката на ФОМ ГРОМ од Карпош, Слободанка Георгиевска, успеаја да ги развеселат дамите кои минуваа низ трговскиот центар. Од насмеаните женски лица и восхитените детски очи, можеше да се забележи задоволството и позитивната енергија која го опкружуваше најголемиот трговски центар во Карпош. Несомнено, младите громовци на специфичен начин му дадоа посебен белег на овој Меѓународен ден на жената, кој според емоциите кои денеска беа присутни, ќе предизвикаат позитивни реакции во јавноста.

-Би сакал од сéсрце да им го честитам овој празник на сите жени, бидејќи тие заслужуваат посебно внимание. Ми претставува особено задоволство што ние младите од ГРОМ се собравме токму на овој ден, симболично да ја поздравиме еднаквоста на жените и нивниот рамноправен статус кој е карактеристика на секое цивилизирано општество – истакна Велевски.

Во честитките кон понежниот пол, се придружи и претседателката на ФОМ  ГРОМ од Карпош, Слободанка Георгиевска, која го истакна своето нескриено задоволство од креативноста  на овој настан.

-Ме радува фактот што успеавме да ја вратиме насмевката на женските лица и радоста во детските очи. Младите од ГРОМ во иднина ќе спроведуваат и низа други активности, со кои ќе ги опфатат сите категории на граѓани без разлика на нивниот национален, политички или полов идентитет – додаде Георгиевска.

Во рамките на денешната акција присуствуваа и членовите на Централниот и Извршниот одбор на младите од ГРОМ, како и дел од раководството на млади од оваа партија на центарот.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on Facebook
Facebook
Tweet about this on Twitter
Twitter
Share on LinkedIn
Linkedin