Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

Кавадарци и Прилеп во блиски разговори со лидерот Јакимовски и претседателскиот кандидат Поповски

Кавадарци и Прилеп во блиски разговори со лидерот Јакимовски и претседателскиот кандидат ПоповскиГРОМ- ПАРТИЈА ОД ДОВЕРБА И ЧЕСНОСТ

Кавадаречката кино сала, вчеравечер, беше претесна за да ги собере симпатизерите и членовите на Граѓанската опција за Македонија каде по Карпош ја даде својата најголема бројка на потписи за поддршка на кандидадот за претседател  Зоран Поповски. Долготрајните овации само потврдија дека Кавадарци е подготвен да даде сé од себе за да го истрча претседателскиот маратон и да покажат дека нивниот кандидат е човек од доверба, човек кој ќе ги сослуша нивните проблеми и пред се ќе ги реши на правилен начин. На вчерашната трибина на тема „Образованието во Македонија“, претседателот на Форумот на млади на Граѓанската опција за Македонија, Благоја Николов, го истакна своето незадоволство од образовниот систем кој ја има обвиено целата држава.

– Велат „Знаењето е сила, знаењето е моќ„ , па во оваа ситуација ниту сме силни ниту сме моќни. Во оваа состојба во која што се наоѓаме како држава ние немаме место да го истакнеме нашето знаење, да го пласираме нашиот успех, затоа што немаме каде тоа да го направиме. Затоа имаме кандидат за председател кој е високо образован, кој е професор и кој има предлог за решавање на проблемот во образованието. Затоа се собравме денеска да дадеме конкретни решение во делот на истото. Зоран Поповски е човек со голем кредибилитет, со големо искуство во меѓународното образование- посочи Блаже Николов кој додаде дека поголемата ангажираност на професорите и нивното внимание е од големо значење за секој граѓанин, а тоа е должност за секој професор. „Бараме поголема достапност на обуката, бидејќи знаеме дека научениот материјал  кој се темели само на теорија, и не е поткрепен со пракса не може целисходно да се употреби, заврши претседателот на ФОМ ГРОМ Кавадарци.

На трибината говореше и генералниот секретар на Граѓанската опција за Македонија, Виктор Цветковски, кој го изрази своето задоволство од големото присуство на членови и симпатизери на ГРОМ и се заблагодари  за нивната ангажираност и успех во изминатиот период и собирањето на големиот број потписи во оваа единица. Тој со кратка биографија, го претстави претседателскиот кандидат Зоран Поповски и го најави како човек од доверба, граѓанин на Македонија со огромно искуство пред се во доменот на образованието. Зоран Поповски со своето излагање само ја потврди својата богата биографија а на оваа средба. Конкретно го потенцираше моделот на  образовен систем, кој го промовира ГРОМ и кој со години го бара своето место во училиштата и универзитетите.

– Кога сте го слушнале актуелниот претседател да застане пред вас и да го сослуша вашиот проблем, па потоа да им пренесе на претставниците на власта, и зошто не го решите овој или оној проблем на граѓаните? Наспроти тоа, јас, пак, ќе бидам мегафон на граѓаните, затоа што според нас, според Граѓанската опција на Македонија,  тие се најважни. Го слушнавме Блаже Николов како вели дека не ви се допаѓа образовниот систем, дека сакате повеќе пракса, сакаме да бидеме конкуренти на пазарот на трудот. Барате работодавецот да ве почитува според сработеното и квалитетот,  а не заради партиска книшка. Епа и тука претседателот трба да изнајде модус да ве насочи и на тој начин да ви покаже дека е вистински заинтересиран за вашиот проблем и решавањето на истиот. Јас како професор воопшто не се согласувам со книгите кои беа преведени на гугл транслејт. И велат, доколку не ги нудиме на студентите да ги купуваат ние професорите ќе треба да платиме казна. Луѓето живеат во страв. Не е само образованието, се работи за многу други проблеми – рече претседателскиот кандидат на Граѓанската опција за Македонија, Поповски.

Кавадарци и Прилеп во блиски разговори со лидерот Јакимовски и претседателскиот кандидат ПоповскиПо едночасовното дружење со Поповски, караванот на ГРОМ продолжи во Прилеп, каде делегацијата на ГРОМ беше пречекана повеќе од стотина  членови и симпатизери на новата партија, како што велат тие, партија од доверба и чесност. Партија во која се гледа иднината на државата, демократското водење на истата. Со поздравен говор на присустните прилепчани им се обрати лидерот на Граѓанската опција за Македонија , Стевчо Јакимовски, кој вчерашната средба ја насочи кон големата поддршка за Зоран Поповски, кандидатот за претседател на ГРОМ.

– Јас очекувам дека нашата жетва ќе биде успешна и во април ,прво на 13 па потоа на 27. Вечерва дојдовме да ви се заблагодариме што ја дадовте поддршката за нашиот кандидат Зоран Поповски со вашите250 потписи. Воопшто не е лесно она што го направивте, да се отиде во единицата на Државната изборна комисија и да се потпишете со полн идентитет и да го искажете вашиот став дека јас сум за ГРОМ, јас сум за Зоран Поповски и го давам својот потпис. Оваа работа ние ја завршивме за само еден и пол ден. Воопшто не е лесно да се соберат 10.000 гласови.

-Ние во ГРОМ, истакна лидерот на партијата Јакимовски, сме сигурни во нашиот претседателски кандидат,  убедени дека нудиме човек во кој ќе можат граѓаните да имаат целосна доверба . Тој додаде дека во наредниот период треба да докажеме дека сме партија со членство од збор, од доверба и од чесност. Во долготрајната средба со граѓаните, им се обрати и Зоран Поповски кој им се заблагодари за поддршката и им посочи дека очекува уште поголема поддршка во наредниот период, период во кој не очекува борба со три  претседателски кандидати од левицата и десницата.

–  Пред се да ви се заблагодарам на поддршката и на собраните потписи за извонредно  кратко време. Чест и задоволство е да се биде дел од таа армија на чесни луѓе , меѓутоа од друга страна, тоа создава огромна обврска и дефинитивно нема да ги изневерам вашите очекувања. За Граѓанската опција за Македонија прва работа е достоинството на граѓаните на Македонија. Веќе години наназад се изгуби човештината, се изгуби интересот за културата, за спортот, за нешта што го прави човекот среќен и релаксиран, затоа што луѓето се затскриваат позади своите стравови. Нашата цел е да го вратиме на пиедесталот неговото височество граѓанинот , да се почуствува безбеден и среќен во сопствената држава – истакна во своето обраќање претседателскиот кандидат Зоран Поповски.

По вчерашната презентација и запознавање со претседателскиот кандидат Зоран Поповски, се отвори дебата на прашања поставени од присутните, а кои се однесуваа на повеќе сфери од животот: за здравството, образованието, како и за претстојните претседателски и парламентарни избори.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin