Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

ГРОМ-Сарај на среба со претседателскиот кандидат Поповски

DSC_0426ГРОМ Е ГРАЃАНСКА ВИСТИНА ЗА МАКЕДОНИЈА

„Нема да бидеме ниту марионета на власта ниту продолжение на опозицијата“ истакна претседателскиот кандидат на Граѓанската опција за Македонија, Зоран Поповски на вечерашната средба во општината Сарај со членовите и поддржувачите на третата опција. На пригоден начин претседателката на општинската организација на Граѓанската опција за Македонија на Сарај, Снежана Јовкоска, ја отвори средбата со поздравниот говор до присутните членови на ГРОМ.

-ГРОМ знае дека во Сарај постојат храбри луѓе, луѓе кои знаат да застанат на вистинската страна, на страната на граѓанинот. Кои знаат да казат НЕ за поделбите меѓутоа  и да кажат јасно ДА за мултиетничкиот и за граѓанскиот концепт. Ние во општина Сарај докажавме дека можеме да бидеме единствени и да ги надминеме недоразбирањата. Да ги поддржиме вистинските вредности и квалитети кои ги поседува нашиот кандидат“ – истакна Јовкоска.

Лидерот на Граѓанската опција за Македонија, Стевчо Јакимовски, посочи дека ќе постои дијалог помеѓу претседателските кандидати, нема да биде Поповски човекот кој ќе се плаши и ќе бега од соочување со останатите, туку напротив. Јакимовски додаде дека на Република Македонија и е потребен претседател кој ќе презема ризик и нема да бега од одговорност и обврски.

-Оваа држава има две вистини, едната вморовска другата сдсмовска. Но ја нема правата вистина, а тоа е граѓанската вистина.Вистината на секој човек, без разлика дали е од исламска вероисповест , дали е на етничка припадност и она што треба да го знае секој граѓанин е дека на таа вистина, на граѓанската вистина е господинот Зоран Поповски. Ние не сме за поделби и сеење на омраза, ние сме за соживот, за толеранција, за толеранции со политичките конкуренти. Ние сакаме на овие избори да се натпреваруваме по тоа како ја гледаме Република Макеоднија после 4-5 години. Не сакаме да плукаме по политичките ривали, туку како претседателскиот кандидат како ја гледа Република Македонија после  пет години во рамки на негови уставни надлежности. Тоа ќе биде нашата цел. Освен тоа ние сакаме да гласате за програма, за визија која што е свртена кон иднината – посочи лидерот на третата опција за Македонијаод политичкиот центар-ГРОМ.

По презентацијата и краткото запознавање со биографијата на кандидатот за претседател на ГРОМ, Зоран Поповски, тој ја истакна својата благодарност до сите присутни и до нивната неизмерна поддршка. „Клучниот мотив да се вратам на политичката сцена беше стравот и немоќноста на граѓаните во нашата држава“ истакна Поповски.

-Нашата цел во ГРОМ како најосновно  е да го вратиме достоинството на граѓаниниот и да го направиме вистински чинител во политичкиот живот на Република Македонија. Да ја обезбедиме етничката стабилност. Ние сме мултиетничка средина. За жал досега, тоа го доживувавме како хендикеп. Јас во тоа гледам убавина, шареноликост, гледам нешто што може државата да ја повлече напред. Ова не се празни зборови, ова ви го зборувам од лично искуство. Сум учел во училиште во кое што било двојозично. И моите деца учеа во истото училиште. Јас не живеам покрај моите соседи Албанци, Турци, Срби, Роми, јас живеам со нив – потврди Поповски и рече дека Македонина ја гледа како земја на рамноправни граѓани, на луѓе кои што имаат право да бидат еднакви и пред законот и пред уставот.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin