Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

Претседателскиот кандидат на ГРОМ, Проф. Др. Зоран Поповски меѓу симпатизерите и членовите на О.О. ГРОМ Охрид

ГРОМ ОХРИДГРОМ ПОКАЖА ДЕКА СИ СТОИ НА ЗБОРОТ 

„Македонија треба да стане место каде што младите ќе се вракаат и ќе ја планираат својата иднина, а не земја од која бегаат“ – истакна на средбата со своите симпатизери и подржувачи проф. д-р Поповски

Претседателскиот кандидат на ГРОМ Проф. Д-р. Зоран Поповски, вчера, понеделник, 3 Март, се претстави пред симпатизерите и членовите на О.О. Гром Охрид, кои во голем број се собраа за да го поздрават и да ги слушнат неговите идеи и планови. Средбата ја отвори домаќинот, претседателот на О.О.ГРОМ – Охрид, Љупчо Настоски, кој срдечно ги поздрави граѓаните и им се заблагодари за масовното присуство.

-„Ние уште на Иницијативата за формирање на партијата на 29 мај минатата година кажавме дека ќе собереме 10.000 потписи и ќе предложиме свој кандидат за претседател и тоа го сторивме. ГРОМ си стои на зборот. Фактот што бројката на собрани потписи за претседателскиот кандидат проф. д-р. Зоран Поповски се оствари за неполни 18 часа, значи дека колоквиумот го положивме.Пред нас  е испитот на 13 април кој исто така ќе биде успешен“ – истакна претседателот на ГРОМ, Стевче Јакимовски.

Професор Поповски, кој е докажан универзитетски професор и предава на три факултети на скопскиот универзитет „Кирил и Методиј“ и кој има искуство како професор и на врвни универзитети во светот, полиглот, сеемен човек и личност која има визија за горливите политички прашања во државата како што се војска, социјални прашања, економија, евро-атлантски интеграции и етничка стабилност, е идеален кандидат за оние гласачи на кои им е доста од плукања, препукувања и политичка и социјално-економска нестабилност во Македонија, го претстави својот претседателски адут лидерот на ГРОМ Стевчо Јакимовски. Тој критички се осврна на актуелните предизборни случувања  Токму затоа третата опција која што ја нуди ГРОМ е за вистински добра Македонија

„Македонија треба да стане место каде што младите ќе се вракаат и ќе ја планираат својата иднина, а не земја од која бегааат. Закочените евро-интеграциски процеси мора да се откочат , мора да се оди на патот на придружување кон Европа и НАТО, а со соседите мора да се има разбирање и соживот“, рече претседателскиот кандидат Поповски кој истакна дека ќе биде мегафон на граѓаните и дека собраните потписи се чест, но истовремено и голема одговорност.

И претседателскиот кандидат, проф. др. Зоран Поповски  и претседателот на ГРОМ, Стевче Јакимовски очекуваат одлични резултати, како на претседателските, така и на претстојните предвремени парламентарни избори, затоа што ГРОМ е партија на сите граѓани на Македонија.

„Никој не избира дали ќе се роди како Македонец, Србин, Влав, Албанец, Турчин, Ром, но секој граѓанин на Македонија има право на убав живот, право на слобода и демократија“, истакнаа и Поповски и Јакимовски.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin