ГРОМ е граѓанскиот ветар во Македонија

ГРОМ е граѓанскиот ветар во МакедонијаПретседателот на Граѓанската опција за Македонија-ГРОМ Стевчо Јакимовски, вчеравечер, пред своите членови во преполната канцеларија на ГРОМ-Битола во полно светло го претстави претседателскиот кандидат на оваа нова партија од центарот, проф.д-р Зоран Поповски.

-Овој претседателски кандидат, кој е професор на десетина универзитети во светот кои се на листата од 50-те најголеми е кандидат со интегритет и достоинство. Тој не е е подготвен да ја витка кичмата ниту да аминува на било која влада, па токму да сум јас во неа, рече Јакимовски.Тој нема да дозволи еден закон по деветпати да се менува во годината под притисок на различни интересни групи, нема да го потпише указот.Нема да дозволи политички затвореници, компромис со името, ниту да дозволи партизирано судство, или задушени медиуми. Тој со сите сили ќе работи за враќање на довербата на граѓаните во државата, и нема да дозволи народот да се плаши од власта.

Република Македонија, нагласи лидерот на ГРОМ, е буквално заглавена меѓу двете најголеми политички партии без шанса за компромис и политички дијалог. Лидерски средби нема,а претседателот го нема и таму кај што треба, како што беше случајот со минатогодишните декемвриски настани.    Не е добро и Влада и претседател да бидат сведени под една линија, од една политичка партија. Ние заборавивме на граѓаните, премногу влеговме во рововите, а вистински претставник на граѓаните ќе биде токму кандидатот на ГРОМ проф. д-р Зоран Поповски, констатираше претседателот на ГРОМ.

– Граѓанскиот ветар што дува во Македонија преку ГРОМ не е единствен и случајност.Тоа е тренд во Европа: Таков е случајот во Словенија, Бугарија, Чешка, па дури и во Србија премиерот не е од двете најголеми политички партии. Со овие зборови, вчера на битолчани им се обрати претседателскиот кандидат Зоран Поповски, кој рече дека премногу долго тапкаме во место, а во доминацијата на двете политички сили се изгуби човекот, се изгуби граѓанинот. Она што се прави во ГРОМ, рече Поповски е всушност Македонија. За мојата кандидатура се потпишаа преку 500 Албанци во Македонија. Јас малку на шега, малку на вистина велам, јас сум консензуален кандидат на граѓаните, зашто зад нас застанаа сите етнички заедници во земјата. Додека други се надмудруваа кој ќе биде консензуален кандидат на две политички партии ние во ГРОМ успеавме  да се избориме за општоприфатена консензуалност меѓу луѓето во ликот на претседателскиот кандидат.

Според Поповски, во изминатиот период Македонија изгуби скапоцено време за приклучување во евроатланските интеграции. Фактот што девет години чекаме влез во ЕУ ја чинат Македонија 74 милиони евра годишно од кохезивните фондови на ЕУ.Тоа се 700 милиони евра изгубени неповратни средства со кои ќе го подобревме образованието, инфраструктурата, вработувањето.

Што се однесува до прашањето со името, според кандидатот за претседател ГРОМ нема нерешливи прашања, што го докажаа и нашите соседи Србија и Косово, само што треба да се престане со провокации.Ако го тргнеме настрана прашањето со името ќе видиме дека со Грција имаме многу заеднички интереси, на културен, спортски, економски план.

Она што загрижува, трендот на напуштање на земјата, рече на крајот Поповски е што немаме долгорочен план за задржување на младите во земјата.Тоа што Македонија се соочува со „бела чума“ на одлевање на млади кадри, со промена на идентитетот, земање на бугарски пасоши што еден ден ќе ни се врати како бумеранг. Младите треба да ја бараат иднината тука, во Македонија,а не надвор, нагласи кандидатот за претседател на Македонија од ГРОМ проф. д-р Зоран Поповски.

 

 

 

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on Facebook
Facebook
Tweet about this on Twitter
Twitter
Share on LinkedIn
Linkedin