Солидарност, хуманост и соживот

Хуманитарна акција на ГРОМ БитолаПредводени од претседателката на ГРОМ – Битола, Александра Стојановска, членовите на  Граѓанската опција од Битола реализираа хуманитарна акција донирајќи храна, облека и средства за лична хигиена за петтчленото материјално загрозено семејство Павловски. Се работи за  еднократна помош, со која  ,,громовци’’ се  обидоа да им ја олеснат тешката материјална состојба на своите сограѓани кои се наоѓаат во зоната на социјален ризик.

Заедничката средба помина во пријатна атмосфера, спортувајќи, пишувајќи, и дружејќи сé, проблемите од секојдневието за миг изчезнаа од загрижените лица на нашите домаќини.   Сепак, највпечатливи  ќе останат веселите детски насмевки на седумгодишната Марија, нејзината четиригодишна сестричка Илинка и малото двегодишно братче Ристе.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on Facebook
Facebook
Tweet about this on Twitter
Twitter
Share on LinkedIn
Linkedin