КЛУЧОТ Е ВО ГРОМ

Оливер Ромевски –

Член на Извршен Одбор на ГРОМ

Почитувани граѓани, драги сограѓани, конечно Ви са дава можност да го имате во рака КЛУЧОТ за иднината на Република Македонија!

Конечно имате избор да бидете НЕПОБЕДЛИВАТА СИЛА на Македонија, да се ПРЕПОЗНАЕТЕ себе си како ФАКТОР без кого нема да можат да сторат ништо на Ваша штета, а ќе мораат да Ве почитуваат!

Конечно, го имате ГРОМ!

ГРОМ не е  само политичка партија, ГРОМ е ХРАБРИОТ ГЛАС на неговото ВИСОЧЕСТВО ГРАЃАНИНОТ кој вели доста е, сега јас ќе УЧЕСТВУВАМ во сопствената ИДНИНА!

ДПМНЕ бара 62 пратеника, СДСМ одбива соработка, ДУИ игра игра над игрите!

Сите во едно ПОРАЗИТЕЛНО сценарио за ГРАЃАНИНОТ на Република Македонија!

Сите само за својот теснопартиски интерес, а не за интересите на Република Македонија!

25.000 ГРАЃАНИ пристапија кон ГРОМ, уште три пати по толку ги даваат своите најискрени симпатии!

ДАЛИ ЗНАЕТЕ ЗОШТО?

Едноставно е!

Затоа што ХРАБРОСТА Е НЕМЕРЛИВА! Затоа што ХРАБРОСТА значи дека СИТЕ ПЛАНОВИ НА ДПМНЕ, СДСМ И ДУИ СО ПОЈАВАТА НА ГРОМ ПАЃААТ ВО ВОДА!

Нема 62 пратеника, нема победа без соработка, нема бојкот, нема продажба на името!

КЛУЧОТ за сите овие нешта е во ГРОМ, и тоа не обичен „кинески“, туку прецизен швајцарски клуч!

Придружете му се на ГРОМ, придружете и се на позитивната мисла и кампања, придружете и се на иднината, не на одмаздата, придружете и се на единствената опција во која нема дворски игри, во која граѓаните се препознаваат себе си!

Или народски кажано, џабе ви е автомобилот Македонија, кога нема да може да го возите без клучот, без граѓаните, без ГРОМ!

Одиме на избори!

Подобро ЛАВ еден ден, туку цел живот КУКАВИЦА!

Храбро!

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on Facebook
Facebook
Tweet about this on Twitter
Twitter
Share on LinkedIn
Linkedin