ГРОМ до секое семејство, до секој граѓанин

Проф. д-р Зоран ПоповскиДенеска попладне Кандидатот за претседател на Република Македонија од Граѓанска Опција за Македонија Зоран Поповски, заедно со претседателот на Граѓанска Опција на Македонија Стевче Јакимовски имаше средба со граѓаните од општините Клечовце, Ранковце и Куманово. Целта на посетите беше промоција на претседателскиот кандидат пред граѓаните од овие три општини.

Пред околу пеесетина граѓани од Клечовце, триесеттина граѓани од Ранковце и преполното фоаје во Домот на култура  во Куманово присутните беа почестени  со говорот на Стевче Јакимовски и проф. д-р Зоран Поповски.

Претседателот Јакимовски се заблагодари на граѓаните кои го дадоа својот потпис за кандидатурата на Поповски и го истакнаа придонесот во овие три општини. Исто така, тој изрази уверување во подготвеноста на претседастелскиот кандидат Зоран Поповски како за претседателската битка така и за достоинствено вршење на  највисоката државничка функција.

-Јас ви гарантираме дека ако ја дадеме поддршката на Зоран Поповски за претседател на Република Македонија, нема да има политички затвореници. А, ако има политички затвореници, ќе има аболиција.  Ви гарантирам, тој е човек кој над се знае да почитува и бара да има правна држава. Тој е човек кој ќе направи меѓународна афирмација на Македонија. Јас сум длабоко уверен дека со кандидат како Зоран Поповски можеме да постигнеме добри резултати.

Кандидатот за претседател Зоран Поповски, исто така, се поклони на храброста на граѓаните кои го дадоа својот потпис.  Тој вети дека со својата понуда ќе го врати достоинството на граѓаните.и дека воопшто не треба да се чувствуваме инфериорни во однос на другите кандидати на најголемите партии во државата.

-На крајот би ве замолил да бидеме максимално мобилни овие педесет  дена и сите заедно да ја оствариме нашата цел.  Ќе сум достапен цело време,ќе дојдеме повторно, ако треба ќе контактираме со секое семејство за низ личен контакт да ги запознаеме граѓаните со визијата на Граѓанската опција на Македонија-ГРОМ, со цел да се постигне уште поголем успех, рече Поповски.

Фотогалерија од средбата во Клечовце

Фотогалерија од средбата во Ранковце

Фотогалерија од средбата во Куманово

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on Facebook
Facebook
Tweet about this on Twitter
Twitter
Share on LinkedIn
Linkedin