Поповски и Јакимовски во друштво на членовите од Гази Баба

Поповски и Јакимовски во друштво на членовите од Гази БабаЧленовите на Граѓанска опција за Македонија од Гази Баба, вчера, 27 февруари 2014 година, имаа можност  да поразговараат со претседателскиот кандидат на партијата  Зоран Поповски, и со партискиот лидер Стевчо Јакимовски, кои беа гости во канцеларијата на оваа општинска организација.

Обраќајќи им се на своите сопартијци, Јакимовски подвлече дека на овие претседателски избори ГРОМ има кандидат зад кој се застанува со цело срце зашто е човек со високи вредности на секое поле, со богато професионално, политичко и животно искуство.

– Ние имаме кандидат кој ја покажува и нашата партиска подготвеност за овие избори, кој докажува дека ГРОМ  е подготвена рамо до рамо со големите политички партии во Македонија да се натпреварува на избори и да им одзема од нивното гласачко тело – рече Јакимовски. Тој, исто така, им се заблагодари на членовите на партијата од Гази Баба за поддршката што му ја изразија на претседателскиот кандидат.

– Навистина не е едноставно во општина, во која доминацијата и власта ја има владејачката партија, еден човек да го крене бајракот и да рече „Да, јас сум ГРОМ“. Токму затоа голема благодарност им изразуваме на нашите членови и симпатизери од Гази Баба што јавно го дадоа својот потпис за поддршка на нашиот кандидат за претседател, проф. д-р Зоран Поповски – рече лидерот на ГРОМ.

Со особено внимание и интерес присутните го проследија и обраќањето на претседателскиот кандидат Зоран Поповски, кој, меѓу другото, истакна дека целта на неговата кандидатура не е негова лична сатисфакција или кариериски напредок, туку на граѓаните на Македонија да им се понуди нешто поинакво од тоа што досега се нудело на политичката сцена.

– Нашата мисија е благородна. Ние немаме намера со никого да се расправаме, само сакаме да им ги отвориме очите на луѓето во Македонија за тие да сфатат дека не се битни партиите, туку граѓанинот. Тој треба да стане свесен дека пред законот сите сме исти и дека партиската книшка не е клуч за успехот – подвлече Поповски во своето обраќање до членовите и симпатизерите на ГРОМ од Гази Баба.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on Facebook
Facebook
Tweet about this on Twitter
Twitter
Share on LinkedIn
Linkedin