Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

Прес на ГРОМ околу начинот на кандидирање за претседател на Република Македонија

Прес на ГРОМ околу начинот на кандидатури за претседател на Република МакедонијаОД ДОСТОИНСТВЕН ЧИН СЕ ПРАВИ ФАРСА

По повод актуелните настани што се случуваат околу кандитатурите за претседателски кандидати за претстојните претседателски избори, лидерот на ГРОМ Стевчо Јакимовски одржа конференција за печат на кој го изрази ставот на неговата партија:

-Ние од Граѓанската опција за Македонија-ГРОМ сметаме дека најодговорен во државата,  да се грижи за уставниот поредок на Република Македонија, е токму претседателот на државата. Тој е должен да ги почитува законите, да ги спроведува тие закони и да се труди, она што всушност сите ние го очекуваме од него, доследно да се  однесува кон нив. Не можеме да се изначудиме деновиве на овој циркус  што се случува во врска со евентуалчната кандидатура на господинот Иванов кој е моментално претседател на Република Македонија, затоа што законските процедури се јасни?!

Или господинот Ѓорѓе Иванов ќе собере 10 000 потписи и ќе биде кандидат за претседател на Република Македонија или ќе го предложат 30 пратеници во собранието на Република Македонија. Оттаму, не ни е јасно каква е оваа пародија со наводните поддршки и наводните потписи од неговите пријатели за негово кандидирање? Ние од ГРОМ  сметаме дека тие треба да се поддржат и ако толку го сакаат господинот Ѓорѓе Иванов треба да се потрудат да му соберат 10 000 потписи за да биде легитимен кандидат на овие претседателски избори, затоа што се ова што се случува е една голема пародија. Јас мислам дека господинот Иванов треба да се одважи и да собере храброст, да си поднесе кандидатура на конкурсот на неговата партија да ја голтне таа кнедла со конкурсот на кој тој треба да се пријави.  Во спротивно, вака навистина правиме циркус од канидадурата за претседател на Република Македонија.

-Република Македонија,изјави на денешната конференција за печат лидерот на ГРОМ Јакимовски, после еден милениум има своја држава и ние се однесуваме крајно неодговорно кон првата функција во државата. Тоа подеднакво се гледа преку тоа што владејачката партија од една страна за избор на претседателски кандидат распишува конкурс, а опозиционата партија од друга страна пак, си седи и сеуште не може да убеди некого да прифати  кандидатура. Згора на се, најголемата партија од албанскиот блок уценува со консензуалниот кандидат.

-Ние од ГРОМ, заклучи на крајот претседателот Јакимовски, сметаме дека оваа фарса  треба да престане . Треба да се издигнеме над сосотојбите во кои што се наоѓаме и сметаме дека треба да спроведеме коректни и претседателски избори. Конечно треба да биде чест на секој граѓанин на Република Македонија што гласа за избор на својот иден шеф на државатаи, тоа треба со достоинство да го спроведеме, меѓудругото и поради тоа што, тоа е она што ние како Македонци, како граѓани на Република  Македонија сме го чекале да го добиеме со векови.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin