Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

ГРОМ – дебитира во меѓународни рамки

Oliver StanoeskiЧленот на Централниот одбор на ГРОМ и Претседател на Општинската организација ГРОМ Карпош, м-р Оливер Станоески, изминатиот викенд (21-24.02.2014) за прв пат ја промовираше Граѓанската опција за Македонија надвор од државните граници. Како претставник од ГРОМ, тој беше дел од Регионалната академија за демократија (РАД) www.radwb.eu, која има за цел да ги собере заедно новите генерации на политичари од регионот на Западен Балкан, и притоа да воспостави едно ниво на заемно разбирање и соработка.

Академијата опфаќа пет сесии на предавања-семинари, четири во регионот (Србија, Македонија, Косово и БиХ) и една во ЕУ (Северна Ирска/Полска), и истата е финансирана од Европската Унија.

Group_foto_webТема на овој прв семинар беше еден од најактуелните дискурси на расправа, а тоа се човековите и малцинските права, со акцент на миграционата политика во регионот.

Претставникот на ГРОМ Оливер Станоески активно се вклучи во дебатата на оваа тема, заедно со останатите шест претставници на политички партии од Македонија, при што ги изнесе гледиштата на Граѓанската опција за Македонија за ова исклучилително сензитивно прашање.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin